Со зурли и тапани симпатизерите на СДСМ во Шуто Оризари го прославија добивањето на мандатот за формирање на нова влада. Видеото го испрати граѓанскиот новинар Геге Демировски, кој е член на СДСМ,
Откако вчера, претседателот на државата Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, предводени од пратеникот на СДСМ, Курто Дудуш, Ромите во ноќните часови прославуваа во центарот и низ улиците на Шуто Оризари.