• Latest

Синани: ДУИ има диктаторски став кон ТВ „Шења“!

November 23, 2016
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025

Во Техеран масовна церемонија за погребот на 60 убиени од нападите на Израел

June 28, 2025
Фото: МИА

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

June 28, 2025
Фото: МИА архива

Американскиот Сенат го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран

June 28, 2025

И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта

June 28, 2025
фото: ФДУ/Белград

Студентите во блокада денеска на протести со два ултиматума до српската влада, оние што „сакаат да учат“ со литературна вечер по повод Видовден

June 28, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Синани: ДУИ има диктаторски став кон ТВ „Шења“!

November 23, 2016 17:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на информацијата дека во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во Скопје е отворен изборен штаб на Демократската унија за интеграција, новинарите на ТВ „Шења“ се соочија со притисок од партиските активисти. Во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, главниот уредник на ТВ „Шења“, Исмаил Синани, изјави дека го споделува ставот на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, дека „ДУИ се однесува како ИСИС кон објективните медиуми, кои не се под нивна контрола“.

„Да бидам искрен, за волја на вистината, досега кога ќе ме прашале дали имате притисоци од владејачката партија, одговарав дека како новинар не го имав почувствувано. Очигледно, во последните две години, кај ДУИ има некоја нервоза која мислам дека треба да се објасни, не само политички, туку и психолошки. Јас не сум психолог и нема да навлегувам во тоа, меѓутоа, вистината е дека нашата екипа имаше притисок на 21-ви ноември, откако ја објавивме информацијата дека во ОУ ‘Јашар Беј Шкупи’ е отворен штаб на ДУИ. Случајот го откривме на 19-ти ноември и го објавивме на нашиот портал, меѓутоа, поради законските пречки, таа информација не бевме во можност да ја објавиме и во етер, на телевизија. Се плашевме дека може да се соочиме со законот, бидејќи знаеме во каква држава живееме. Понекогаш законите знаат да бидат многу ексциплитни, па за мали нешта да добиеме огромни казни за електронски медиум. Ние чекавме да дојде 21-ви ноември, за да имаме право да се занимаваме со изборната кампања, нашата екипа беше таму, и сакавме да го проследи настанот, но се соочивме со притисок од луѓе-приврзаници на ДУИ кои беа околу штабот. Тој притисок треба да се гледа како последица на сето тоа, затоа што тоа е инцидент. Најчовечки е новинарот да го чувствува таквото однесување како притисок, затоа што се работи за млади луѓе на кои на крај памет не им паѓа дека челник на некоја политичка партија ќе се однесува така кон нив – за една информација која е од општ и јавен интерес. Јас не можам да сфатам како господата од ДУИ коишто имаат 14–годишна политичка кариера и искуство, можеа да си дозволат да си отворат штаб во основно училиште?! Навистина, за мене, како новинар кој две децении работи и се занимава со оваа професија, тоа е несфатливо!“, резигниран е Синани.

Според него, најлошото е тоа дека ниту еден од челниците на ДУИ не се оградил од притисокот што го вршеле нивните активисти врз екипата на ТВ „Шења“ на терен.

„Се работи за една политичка партија којашто цело време, како параван во нивната политичка кампања ја користи ЕУ, евроатлантските интегративни процеси и САД како најголем експортер на демократијата. Зборуваат за некоја западна демократија, а како што впрочем, рече и колегата Насер Селмани од Здружението на новинарите, кога го осуди настанот, ‘ДУИ понекогаш се однесува кон медиумите како ИСИС’. Значи, тоа е жалосно“.

Според Синани, нивата информација била споделувана од бројни медиуми, освен од оние кои се во директна контрола на ДУИ. Но, немало адекватна реакција.

„Во нормална држава треба самите институции да преземат нешто и да дојдат да нé прашаат нас – што ви се случува? До денес, никој не дојде да нé праша… Оградување и осудување имаше само од ЗНМ, и сега, дојдовте вие од ЦИВИЛ“.

Синани сепак, вели дека имало и позитивната страна од настанот, затоа што штабот на ДУИ е затворен, со што тие, како медиум, постигнале одредена цел.

„Но, повторно ќе спомнам дека од ДУИ не се јавија да се извинат или да не прашат што се случило… ДУИ врши и поинаков притисок врз ‘Шења’, ние постоиме 370 дена во етерот, и само еднаш досега гостуваа господата од ДУИ. Ниту министрите, ниту пратениците, а да не зборувам за претседателот на ДУИ… Тие спроведуваат тотален бојкот кон ТВ ‘Шења’. Нашиот објективен став да известуваме, тие они го гледаат како опозиционен став. Тие сметаат дека ако ние објавиме оти некој министер на ДУИ изел бифтек од 5.200 денари, тоа е опозиционен став…“

Синани го наведува и примерот со изјавите на Али Ахмети за официјализирање на албанскиот јазик во Македонија.

„Ги собравме изјавите на Ахмети во поседните 6-7 години, еднаш вели дека е официјален, втор пат дека не е официјален, трет пат дека е донекаде официјален, четвртиот пат вели дека наредниот мандат ќе го официјализира… Кога ги собравме сите тие изјави, ги објавивме во еден прилог, и тие сметаа дека тоа е опозиционен пристап?! А ние, само пренесовме што ветил господинот Ахмети во последните шест, односно, осум години. Ако во ДУИ сметаат дека објавувањето на информациите е опозициски став, тогаш, јас велам дека тие имаат диктаторски став!“

Текст и камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али АхметиДУИизборен штаб во основно училиштеИсмаил СинаниЈашар Беј Шкупипритисоци врз новинариЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ