• Latest

Систематска ерозија на изборниот интегритет на Унгарија

August 2, 2020
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Систематска ерозија на изборниот интегритет на Унгарија

Откриени нерегуларности во изборите за европскиот парламент & локалните избори во Унгарија во 2019 година.

August 2, 2020 08:06
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Една година по изборите за Европскиот парламент ги објавуваме нашите најнови наоди во однос на европските избори во 2019 година, одржани на 26 Мај и локалните избори одржани на 13 октомври во Унгарија.

Краткиот преглед е заснован на сведоштва на 851 пребројувачи на гласачки ливчиња, собрани преку онлајн анкета со 42 прашања и 50 последователни интервјуа спроведени „лице в лице“ низ 15 окрузи во Унгарија. Покрај повторните напори, Unhack добија само 5 онлајн прашалници од владеачката партија Фидез, така што следните наоди воглавно се засноваат на сведоштва на опозицски пребројувачи на гласачки ливчиња.

Надоврзувајќи се на нашето едногодишно истражување во однос на парламентарните избори во 2018 година, од кое произлегоа 170 сведоштва (вклучувајќи 60 “лице в лице“ интервјуа), Unhack Democracy со над 1020 сведоштва од 3 избори (парламентарни во 2018, европски избори и локални во 2019) сега може да објави дека имало систематска ерозија на изборниот интегритет на земјата.

Откако неодамна Freedom House ја деградира Унгарија и ја сведе на „хибриден-режим“ поради опаѓање на стандардите во демократијата, што го вклучува и интегритетот на изборите, Unhack Democracy идентификува јасно доследни и загрижувачки трендови, вклучувајќи заплашувања на оние кои ги пребројуваат гласачките ливчиња, закани кон повозрасните гласачи во домови за нега на лица, поткуп, организиран превоз со автобуси на фантомски гласачи и прашања околу кредибилитетот на гласачките записи (исто познати и како протоколи).

Вредноста на извештајот лежи во 851 лични сведоштва што даваат увид во вистинските предизвици со кои се соочуваат оние кои ги пребројуваат гласачките ливчиња, преку примери за нерегуларности и потполна измама на гласачките места на денот на изборите.

Во прилог подолу е преглед на клучните наоди во бројки:

  • 40.5% од оние кои ги пребројувале гласачките ливчиња на изборите за Европскиот парламент (ЕП) и 37.2% од пребројувачите на гласачки ливчиња на локалните избори изјавиле дека немале доверба во праведноста на изборниот процес.
  • 10.9% од партиските делегати кои ги пребројувале гласачките ливчиња за изборите за Европскиот парламент и 17.8% за локалните избори потврдиле дека не регистрирале нерегуларности во нивното изборно место: вклучувајќи поткуп, заплашување на оние кои ги пребројуваат гласачките ливчиња, влијание врз гласачите и службени лица кои користат мобилни телефони на избирачкото место.
  • 8.8% од оние кои ги пребројувале гласачките ливчиња на изборите за Европскиот парламент (ЕП) и 7.8% на локалните избори регистрирале одредени нерегуларности во обработката и ракувањето на гласовите од мобилните гласачки кутии, за лица кои физичко не се во можност да излезат на избирачкото места на денот на гласањето. Поплаката која се повторуваше беше дека на постарите лица, често инертни пациенти, им се врши притисок, влијание и биле пријавени за мобилно гласање без нивна согласност да гласаат за Фидез, особено во домовите за нега на лица.
  • 12% од испитаниците на локалните избори изјавиле дека биле сведоци на нелегална мобилизација на гласачи преку телефон, при што Унгарската унија за граѓански слободи – ТАСЗ (Hungarian Civil Liberties Union – TASZ) предупреди дека противзаконски се прибираат податоци за гласачите од страна на некои партии.
  • 4 лица кои пребројувале гласачки ливчиња регистрирале автобуски превоз на фантомски гласачи за време на изборите за Европскиот парламент и локалните избори во 2019 година.
  • 10.1% од партиските делегати за време на изборите за Европскиот парламент и 11.6% за време на локалните избори изјавиле дека се сомневале на или биле сведоци на купување гласови преку пари или јавни придобивки во нивното изборно место. Сведоштвата ја истакнуваат нашата загриженост за проширување на мрежите на гласач-клиентализам во Унгарија.
  • По европските избори, 74.2% од испитаниците изјавиле дека нивните партии кои ги назначиле побарале од нив копија од гласачкиот запис (протокол) и побарале од нив повратна информација. По локалните избори, оваа бројка се искачила на 76.4%.
  • Тимот на Unhack Democracy регистрирал 3 изборни места каде било побарано од оние кои ги пребројуваат гласачките ливчиња да потпишат празни гласачки записи (протоколи) пред самото пребројување.
  • 9.1% од анкетираните пребројувачи на гласачки ливчиња од европските избори и 14.9% од локалните избори изјавиле дека имале негативно мислење за извршената работа на претседателот на Комисијата. Испитаниците го истакнале нивниот непријателски однос, недостатокот на непристрасност и слабото познавање на правилата од страна на општинските назначени лица (претседател, заменик), што во некои случаи, исто така, вклучува стигматизација и заканувања по опозициските пребројувачи на гласачки ливчиња.
  • 8% од оние кои ги пребројувале гласачките ливчиња на изборите за Европскиот парламент и 9% од оние кои ги пребројувале гласачките ливчиња за локалните избори се сретнале со нерегуларности додека резултатите се обработувале. 4 лица кои ги пребројувале гласачките ливчиња изјавиле дека биле информирани за нефункционирањето на Националниот софтвер за изборни резултати по пребројувањето.
  • 52% од испитаниците од изборите за Европскиот парламент и 45% од анкетираните од локалните избори биле над 65 години. Во интерес на секоја номинирачка организација е да има физички и психички способни делегати кои можат да ги издржат минимум 14-15 часовните исцрпувачки предизвици на денот на гласањето.
  • Опозицијата не успеала да регрутира лица за пребројување на гласачки ливчиња во 24.5% од 10,277 избирачки места на изборите за Европскиот парламент и 17% од 10,278 избирачки места на локалните избори. Додека основниот дел на лицата кои ги пребројуваат гласачките ливчиња старее, се докажува дека поголем предизвик е за опозицијата да регрутира доброволци затоа што луѓето, особено во руралните средини, стравуваат од одмазда во еден систем на взаемна зависност. Понатаму, партиите не даваат приоритет на пребројувањето на гласачки ливчиња и луѓето се помалку волни да се обврзат на ден исполнет со минимум 14-часовна бесплатна работа.

ПРЕПОРАКИ 

Со нашата работа сакаме да продолжиме да ги истакнуваме предизвиците што несоодветното спроведување на изборите го наметнува врз демократските процеси на Унгарија. Во февруари 2020 година, истакнавме 5 препораки за политики напишани заедно со Германскиот маршалов фонд во САД (The German Marshall Fund of the United States) во  „Изборниот интегритет на Европа мора да се брани од внатрешни закани“ (Europe’s Electoral Integrity Must Be Defended from Internal Threats) кои се однесуваат на изборниот аспект на кризата со владеењето на правото во Унгарија и Европската унија:

Петте клучни препораки за политики се:

  1. Европската комисија треба да го прошири опсегот на Акцискиот план за европска демократија за да ги опфати внатрешните димензии на заканите кон демократските изборни системи.
  2. Европската комисија треба тесно да ги координира набљудувачките мисии на ЕУ и ОБСЕ.
  3. Да се дозволи граѓанско набљудување на избори во сите земји членки на ЕУ.
  4. Да се организираат целосни ОБЦЕ / ОДИХР набљудувачки мисии во земјите членки на ЕУ кои подлежат на постапката од членот 7.
  5. Европската комисија треба, исто така, да обрне поголемо внимание на невладини организации поврзани со следење на изборите и граѓанска едукација, како и на едукација за вештини поврзани со изборите во својата програма „Граѓани за Европа“.

Нашето независно истражување за изборите на Унгарија е овозможено благодарени на постојаната волонтерска работа и финансиски придонес на тимот на Unhack Democracy.

БЕЛЕШКА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА: UNHACK DEMOCRACY

Составен од експерти по наука за податоци, безбедност, политичка стратегија и комуникации, Unhack Democracy има за цел јакнење на граѓаните со тоа што им се даваат алатки и знаење за да ги следат нивните избори и да ги заштитат демократските институции од мешање на државата.

Истражувањето направено од страна на Unhack Democracy на парламентарните избори на Унгарија одржани во април 2018 доби широка меѓународна покриеност низ 5 континенти и на 8 јазици. Во декември 2019, членови на тимот на Unhack ги презентираа своите наоди и препораки пред Европскиот парламент.

Unhack Democracy е регистрирана непрофитна организација во Белгија.

превод: Наташа Цветковска


Објавено по предлог од Unhack Democracy. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share46Tweet29Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ