• Latest
КОЧНИЧАРИ Никогаш „Да“, секогаш „Не“ кога се работи за приближувањето до Запад – протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Сите „Да“ на ВМРО-ДПМ(НЕ)

August 21, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Сите „Да“ на ВМРО-ДПМ(НЕ)

August 21, 2023 11:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
КОЧНИЧАРИ Никогаш „Да“, секогаш „Не“ кога се работи за приближувањето до Запад – протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

КОЧНИЧАРИ Никогаш „Да“, секогаш „Не“ кога се работи за приближувањето до Запад – протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ го опструира речиси секој побитен државнички пат, односно не го поддржуваа Преспанскиот договор, го бојкотираа референдумот за промена на името, не се израдуваа за членството на државата во НАТО, собираа потписи со цел поништување на Законот за попис, организираа протести под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ против францускиот предлог…

Ултиматум – НЕ, благодарам!

Во Собранието на Република Северна Македонија (на 16 јули 2022 година) се изгласаа заклучоците за европскиот предлог што го понуди француското Претседателство со Советот на ЕУ, за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Како што е познато, европскиот предлог беше дочекан „на нож“ од опозицијата. Протестите организирани од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и неколку помали вонпарламентарни партии и политички групи пред Владата, Министерството за Надворешни работи и пред Собранието. Дебатата во Собранието се одвиваше во вжештена атмосфера, со говор на омраза од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и попречување на излагањата на другите пратеници со свирење на вувузели, свирчиња и крајно недолични довикувања кон пратениците што го поддржаа европскиот предлог.

Протестите што се одржуваа под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ преку кој се бараше отфрлање на европскиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, беа насилни, со инциденти и експлицитен говор на омраза кон албанската етничка заедница. На протестите беа забележани граѓани со покриени лица, качулки, а освен јајца, тоалетна хартија, бекатон плочки и железни објекти, се фрлаа и молотов коктели. Беа забележани и голем број напади врз полицајците.

И покрај тензиите, протестите, обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за политичка и општествена дестабилизација, заплашување со „бугаризација“, „бришење на идентитетот“, „бришење на јазикот“ итн. , ниту еден пратеник од овие две партии не гласаше ПРОТИВ европскиот предлог.

Никогаш Северна, опструкции за членството во НАТО

ВМРО-ДПМНЕ се уште (барем на зборови) не ја преболи „Северна“, односно Преспанскиот договор и одржувањето на референдумот за промена на името, со што се отстрани и последната препрека за членство во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ работеа против Преспанскиот договор, го бојкотираа референдумот и се обидуваа на секаков начин да го опстуираат зачленувањето во НАТО.

Дури и при гласањето на ратификацијата на Договорот за членство во НАТО во Собранието на РСМ (на 11 февруари 2020 година), при овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не аплаудираше и не се израдува на историскиот успех, за остварувањето на една од клучните стратешки цели на државата.

Попис – „НЕ“

Ниту пописот на население и домаќинства во 2021 година не помина без „не“ на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тогаш започна кампања со собирање потписи со цел поништување на Законот за попис. Исто и тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покрај тоа што бараше одложување на пописот поради ковид пандемијата, бараше и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Цврстото „НЕ“ на Мицкоски премина во „ДА“ по средбата на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Зоран Заев, со тоа што се одложи пописот за неколку месеци (наместо во април, пописот се одржа во септември), заедно со воведувањето на отисок од прст и одложувањето на локалните избори за втората половина на октомври 2021 година.

И покрај пречките и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, се одржа успешен референдум за промена на името, нашата држава стана 30-та членка на НАТО Алијансата, успешно се реализира ПОПИСОТ 2021, Собранието ги изгласа заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија…

Освен изгубеното време, опстукциите и сопките на ВМРО-ДПМНЕ не постигнаа ништо друго. Односно, сите НЕ на ВМРО-ДПМНЕ со тек на време станаа ДА. Дали вмровското НЕ за уставни промени по таа логика и след на околности ќе биде уште едно историско ДА?

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ