Вечерва продолжија протестите против францускиот прелог, со мотото „Ултиматум – Не, благодарам“.
Демонстрантите го започнаа протестниот марш пред Владата и потоа се упатија пред Министерството за надворешни работи. И вечерва беа забележани демонстранти со качулки, а кон зградата на МНР фрлаа јајца, тоалетна хартија и запалени факели. Оштетена е и влезната врата на МНР.
Од таму, толпата се упати кон Собранието, каде што ја турнаа заштитната ограда и фрлаат рани предмети кон зградата, како и факели. Пред Собранието се појави и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Демонстрантите извикуваат “Никогаш Северна, само Македонија“, „Оставка“, а кај дел од медиумите блиски на опозицијата, во насловите на содржините за протестот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, го нарекуваат „Бугар“ Османи.
Во моментов пред Собранието дел демонстрантите фрлаат камења и железни предмети кон полицајците, а еден полицаец е повреден. Се слушаат псовки, говор на омраза, извикуваат „Бугари“, „мајката шиптарска“, „уа Шиптари“ итн. Полицискиот кордон го засили обрачот.
Д. Т.