• Latest

Протести против францускиот предлог со инциденти, покриени лица и бугарски јазик на облека

July 5, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протести против францускиот предлог со инциденти, покриени лица и бугарски јазик на облека

July 5, 2022 08:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Владата и синоќа се одржа протест под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, преку кој се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пееа патриотски песни.

Протестот почна мирно, химната ја отпеа пејачот Ламбе Алабакоски, кој неодамна беше беше уапсен за опожарувањето на вратата на бугарскиот културен центар Иван (Ванчо) Михајлов во Битола.

Демонстрантите, предводени од лидерот на Левица Димитар Апасиев, ја турнаа заштитната ограда пред Владата, по што протест се пресели во кругот на владината зграда. Апасиев не ја прескокна оградата.

Демонстрантите фрлаа јајца, петарди,  ролни хартија, пластични шишиња, балони со вода кон Владата и бараа оставки од власта и извикуваа „Никогаш северна, само Македонија“, „Оставка“, „Бугари“…

Забележливи беа демонстранти со качулки и покриени лица, како и маици со принт на бугарски јазик. На протестот се вееа државни знамиња и со сонцето на Вергина.

 

Дел од демонстрантите се префрлија пред Собранието, каде што ги пречека полициски кордон.

Протестот што почна завчера е поддржан од политички партии (ВМРО -ДПМНЕ, Левица и други) и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Од завчера, пред Владата се паркирани неколку возила и шатори, во кои демонстрантите преспиваат, а улицата веќе втор ден е блокирана.

СДСМ  го осуди насилството и инцидентите што се случија синоќа пред Владата. И ДУИ излезе со осуда за инцидентите.

Протестите започнаа во саботата на повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На протестот се придружија и други парти и граѓански организации. Демонстрантите сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Широките консултации на Владата со политичките субјекти во змејава продолжуваат, а за францускиот предлог ќе се расправа на пленарна седница во Собранието, на која треба да се донесат заклучоци кои ќе бидат обврзувачки за Владата и за нив ќе се гласа со просто мнозинство.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ