• Latest
Алепо, Сирија... разурнат град со десетици илјади цивилни жртви, меѓу кои жени, деца и стари лица.

Сите ние сме урнатина

December 22, 2018
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сите ние сме урнатина

December 22, 2018 12:27
in СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Алепо, Сирија... разурнат град со десетици илјади цивилни жртви, меѓу кои жени, деца и стари лица.

Алепо, Сирија... разурнат град со десетици илјади цивилни жртви, меѓу кои жени, деца и стари лица.

Share on FacebookShare on Twitter

Пред дваесет и девет години, како млад студент на институтот за арапски јазик во Дамаск, имав можност со некои мои другари да го посетам Алепо (Халеб). Тоа е град со импозантна структура, стар илјадници години, чиишто улици се проткаени со духот на древната историја каде што со векови се мешале секакви цивилизации. Таму ќе видите Арапи со бел, црвен и темен тен на кожата. Неретко ќе здогледате убава девојка со плави очи и за момент ќе помислите дека сте некаде во Скандинавија, но кога ќе чуете дека таа збори на течен арапски јазик, ви станува јасно дека сте во исконската Месопотамија т.е. Сирија. 

Хусеин еф. Адеми

Улиците беа поплочени со стар камен и мермер, а ѕидовите на куќите постојано ве држат во еден безвремен простор, каде што целосно заборавате што е модерна градба и архитектура. Во секој момент очекувате пред вас да се појават војниците на Римската Империја кои на коњи ќе продефилираат онака, гордо и дрско, додека населението внимателно им отвора пат на овие историски авантуристи. Но, кога ќе зајдете зад аголот на спомнатата уличка, тука настапува второто изненадување! Сега сте во светот на исламската култура каде што духот на првите муслимански освојувачи од пред 1380 години веќе го населил овој град од најдлабоките фантазии на нашиот копнеж, барем за момент, да ја почувствуваме имагинацијата за илјада и едната ноќ!

Во центарот на градот се наоѓа импозантното здание на градската цитадела или историското Кале изградено уште пред новата ера. Од таму, со градот владееле старите Грци, Римјани, Византијци, Монголите на Џингис Кан, Арапи, Османлии, англиско-француските окупациони сили и сѐ така до прогласувањето на Сириската република.

Низ градот се вее милозвучниот глас на езанот од минарињата на џамиите што, како со најнежно пердувче, ти ги милува ушите. Одеднаш слушаш камбани и ѕвона од црквите само за да ти го потврдат фактот дека тоа не е чисто муслимански град, туку е тоа град на сите кои меѓусебно веќе со векови се почитуваат и градат должна толеранција едни кон други без никакво продавање памет од страна, како треба да се гради заеднички живот. Најпознатиот византиски генерал архиепископот Херакле, владеел со Халеб и Ерусалим.

Алепо, Сирија, пред војната бил познат како еден од најелегантните градови на Блискиот Исток и многу пошироко.

Тоа може нас да нѐ учат, ние ваквите недозреани балкански кркани бидејќи културата и цивилизацијата како да ни се апстрактен поим во некоја поинаква далечна галаксија, ама Алепо и неговите жители се далеку од било каква потреба за таков тип на совети и мудрувања.

Овој бисер на Истокот, што илјадници години зрачи со позитива и убавина, конечно им стана плен на крволочните ѕверки од цел свет, почнувајќи од локалните пробисвети кои немаа слух за барањата на народот за слобода на изразување и смена на диктаторската власт која трае веќе 45 години пропратена со тортура, апсења и страшни измачувања во темнината на затворските зандани каде што населението го малтретираат со сомелени стаклени шишиња кои подоцна во форма на прав насилно им го вметнуваат во аналниот отвор за смртта да настапи за два-три дена во страшни болки и тешка агонија.

Алепо, 2018

Страшниот злосторнички режим на Башар Асад, со неговите руски сојузници, овој град го срамнија со земја во име на борбата против тероризмот! Зарем цел град од 2,5 милиони луѓе биле терористи?! Зарем 23.000 малолетни деца биле терористи кога животот им го згаснале бомби кои дури ни на филм не сме ги гледале! Зарем силуваните и обесчестени жени биле терористи?!
Алепо веќе не постои! Тоа е уништен град! Од таму се избришани историските траги на светските цивилизации кои со милениуми воделе борба против забот на времето но, ете ги, „борците против тероризмот“, Путин и неговата армада, конечно му ставија точка на постоењето на Алепо каков беше порано. Прекрасната тврдина од времето на старата ера е повеќекратно бомбардирана и веќе не личи на ништо. Исконската Емевиска џамија стара 1.300 години е срамнета со земја. Сликата на улицата од Алепо едвај ја препознавам, а чекорев по неа кога се движев во правец на старото познато Алепско училиште т.е. медресата во далечната 1990 година.

Алепо, Сирија… разурнат град со десетици илјади цивилни жртви, меѓу кои жени, деца и стари лица.

Затоа драги мои, немојте да ми замерите кога овој текст го насловувам со: СИТЕ НИЕ СМЕ УРНАТИНА! Да, сите ние сме како урнатина, бидејќи не успеавме да им помогнеме на жителите на Алепо туку немо и немоќно гледавме како жени, старци, деца и немоќни млади луѓе систематски ги погубуваат пред очите на светската јавност! Главното оправдување на Башар и Путин беше борбата против тероризмот!

Но, ИСИС не беше присутен во Алепо! Ниту една радикално-екстремна воена групација не беше присутна внатре во Алепо. Тие беа наоколу, во регионот, но не и во градот. Таму беа само силите на умерената опозиција, поддржани од владата на САД, тамошни жители кои се бореа за голиот живот на нивните семејства и точка. Во Алепо имаше и воени единици составени исклучиво само од Арапи-христијани кои исто така се дигнале против диктатурата на Башар и беа дел од умерената опозиција. Но, пораката мора да биде испратена: никогаш слободоумните борци за правдина и еднаквост нема да добијат право на слободно развивање, на образование, економија и култура во срцето на еден цивилизациски, светски центар каков што е Алепо, барем не во тие тамошни услови. Како воопшто да не е важно што жителите на Алепо се бореа против манијакалниот ИСИС! Диктаторизмот во Сирија останува на сила за и понатаму да им служи на неговите газди! Се чини дека хуманоста на меѓународната заедница малку задоцнила!?

За крај, гледам деновиве се појавиле воини на Фејсбук подземјето со реторика од која се леди крвта во жилите!  Драги мои националисти, шовинисти, гомнари и пробисвети од сите јазбини и вукојебини во Македонија, ич‘ не ми е гајле дали зборувате “каурски“ или “шиптарски“, каде припаѓате и од каде доаѓате, вие кои размислувате со газот, а не со умот, дали сакате Алепо да си го донесете во својот двор, бидејќи обично, национализмот и верскиот радикализам тоа го носат со себе!

Имајте памет и доблест и престанете! Има доволно широчина за сите нас!

Море, балвани!

 

Авторот е теолог.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, сите содржини се достапни за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share300TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ