• Latest

Сите политичари ги сакаат Ромите на 8 април

April 9, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сите политичари ги сакаат Ромите на 8 април

April 9, 2019 17:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ангела Петровска 

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски вчера ја посети општината Шуто Оризари и токму на Меѓународниот ден на Ромите, по некоја случајност, нели, каде не испушти да им го честита денот на граѓан(к)ите и рече дека политичарите не смеат да зборуваат за правата на Ромите и да се сеќаваат на нив само на денот на Ромите, туку треба секој ден да се води сметка за нивниот животен стандард.

Ја коментираме изјавата со колегата и тој вели: „Па така е де, кога ќе дојдат на власт, нема никогаш да ги заборават Ромите, секогаш ќе се грижат за подобар животен стандард за нив… Упс, чекај, на власт се веќе две години“.

Дали Пендаровски размисли пред да зборува во Шуто Оризари? Дали му текна на оние Роми во битолски Баир кои го немаат основното човеково право, а тоа е водата, да не зборуваме пак за храна, пристојни куќи за живот, струја која нема да им ја исклучуваат… Зошто не се сети дека политичарите, на Ромите им го купуваат гласот за изборите за само 500 денари? Зошто не им вети дека нема да ги поткупуваат повеќе со 500 денари, дека ќе ги остават слободно да одлучат како ќе гласаат и дека конечно ќе се направи нешто за нив? Навистина лицемерно е да се зборува тоа баш на Меѓунардониот ден на Ромите…

Пендаровски вчера беше и во општина Ѓорче Петров каде спомна дека кај сегашниот претседател почнале да стигнуваат барања за амнестија за „27 април“ и додаде дека во неговиот мандат нема да има шанса да амнестира криминалци кои сакаат да убиваат други граѓани на оваа земја. Дали Пендаровски заборави дека некои од обвинетите за „27 април“ веќе некој ги „помилува“ и амнестира и дека само дел од нив добија затворски казни?

Независната кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова по повод Меѓународниот ден на Ромите вчера изјави дека едно од нејзините први обраќања ќе се однесува на ромската заедница и дека нејзината ќерка била одгледана од Ромка и дека не гледа причина зошто не би побарала помош од Ромките и Ромите и во вршењето на претседателската фунцкија.

Уште една класична манипулација од страна на политичар кој користи само одредени денови, кога нешто се одбележува за да се сетат на нешто дека постои, дека е потребна промена…

Се сетив и на една реклама за Силјановска со наслов „Нашиот народ вели ако жена не ги среди работите нема кој, нели?“, која започнува со неа во кујна, потоа чита книга, па разговара со некој човек и на крајот завршува како жена повторно го средува каучот во дневна, што на некој начин го покажува она „каде и е местото на жената во куќата“.

Силјановска им порача на разочараните членови на СДСМ и разочараните од Шарената револуција да гласаат за неа, заборавајќи дека на Шарената револуција имаше учесници кои се спротиставуваа на тогашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а и дека имаше учесници кои не се симпатизери на ниедна партија и дека тие би се бореле против секаков криминал, од која било власт, и дека не сечиј глас може да се купи, како што се повеќето навикнати.

Блерим Река се осврна на својата веќе позната реторика, каде ги повикува Албанците да гласаат за Албанец претседател, дека никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе…

Река секогаш го придружуваат и лидерите на Алијансата на Албанците и БЕСА, кои велат дека ДУИ има двојни политички аршини поради тоа што порано не го поддржувале Пендаровски, ама сега го сметаат за консензуален кандидат.

„Јас велам република, а не општество за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец“ истакна Река вчера во Теарце.

Оваа политика на кандидатот Река наликува како само повеќе да прави поделби во државата, особено на етничка основа, со што знаеме дека сите политичари ја користат само колку да ги добијат гласовите од граѓаните и да останат подолго на власт, а не дека некој некогаш навистина ќе ја стави раката во оган.

Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ