Сите одиграа, што се вели, на прва. Додека сме на полувреме, пред почетокот на второто полувреме, имам неколку пораки до актерите, Владата и Стојко Пауновски…
Да ја смират топката и второто полувреме да го одиграат во спортска и фер атмосфера. Помладиот по функција и по хиерархија да најде начин спортски да му се извини на, условно кажано, противникот за неспортските стартови од почетокот на мечот, а противникот-старешината да постапи спортски и човечки, да го прифати извинувањето и да продолжат во една одговорна, професионална, аргументирана борба на мислења, да го завршат мечот по кој, без разлика на резултатот, никој нема да се чувствува, ниту како победник, ниту како поразен, а ќе победи интересот на сите граѓани на оваа држава. Тоа ќе биде силна порака дека на цивилизиран начин, со демократски средства и во рамките на институциите, можат успешно да се решаваат и наизглед многу комплицирани прашања.
– цитат од колумната „Пред почеток на второто полувреме“ од Перо Наумовски, објавена во ЦИВИЛ МЕДИА на 26 април 2021 г.