• Latest
м-р Перо Наумовски

Пред почеток на второто полувреме

April 26, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пред почеток на второто полувреме

Сите одиграа, што се вели, на прва. Додека сме на полувреме, пред почетокот на второто полувреме, имам неколку пораки до актерите, Владата и Стојко Пауновски...

April 26, 2021 11:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
м-р Перо Наумовски

м-р Перо Наумовски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ

Сите одиграа, што се вели, на прва.

„Натпреварот“ почна со една благо речено несмасна и невкусна изјава преку медиумите на првиот човек на ДПИ Стојко Пауновски со изјавата дека нема намера да ја спроведе одлуката на владата за ангажирање на рамковно вработените лица кои до сега седеа дома и примаа плата, а 35 лица од нив се распоредени во оваа државна институција дури и по цена и да биде сменет од функцијата.

Премиерот кој деновиве токму во с. Теново кое, патем речено, е во непосредна близина на родното село на Стојко Пауновски и каде владее одличен меѓуетнички соживот, во присуство на еден од министрите од владата од коалициониот партнер ДУИ, отвораше нова инвестиција за производство на електрична енергија од обновливи извори и мораше да одговори на овој предизвик од директорот на ДПИ, инаку и негов сопартиец, дека сите мора да ги почитуваат одлуките на владата и доколку тоа не го направи ќе мора да ја напушти функцијата.

Натпреварот се разгоре. На теренот почнаа и лизгачки стартови, имаше и игра со ѓон, фаулите беа сè почести и погруби. Се вмеша и публиката. Твитер заедницата почна да мудрува и да дели правда. Фејсбук публиката реагираше уште пожестоко, дури и вулгарно. Говорот на омразата не изостана. Секој навивач си имаше свој фаворит, иако многу од нив не ја разбраа суштината на спорот. Многу дежурни „патриоти“ не ја пропуштија и оваа прилика да ја искористат и да истурат во јавниот простор меѓуетничка омраза.

Премиерот се обиде да го добие на телефон „бунтовникот“ но тој не му се јавил. Многу некултурно и невоспитано. Делегација од ДПИ побарала прием кај премиерот, но тој немал време да ги прими. Суетата и инаетот се лоши сојузници на разумот.

Не знам и не навлегувам во мотивите на директорот на ДПИ за ваквиот непримерен и непрофесионален однос кон премиерот и одлуката на владата. Можеби тоа се должи на впечатокот во јавноста дека ДПИ е на висина на задачата особено во овие тешки времиња на ковид кризата и, со право, на добиената претстава за неговата заслуга за тој успех и врз основа на тоа остварениот личен авторитет. Или можеби се работи за внатрепартиски несогласувања или можеби нешто сосем друго. Во секој случај со својата непромислена постапка го постигна само ефектот на кравата што ќе го клоцне и ќе го истури млекото.

Премиерот и владата исто така се исправени пред тешка дилема, иако се свесни за проблемите со кои се среќаваат инспекторите на терен во спроведување на законите, превработеноста во администрацијата, партизираноста и квалитетот на услугите на администрацијата. Наталожени се многу проблеми кои сепак ќе мора што поскоро да почнат суштински да се решаваат. Но во едно премиерот е во право, одлуките на владата мора да се спроведуваат од надлежните органи.

Среќа е што искрата не предизвика и поголем меѓуетнички пожар, иако имаше за тоа големи шанси, бидејќи овој судир во себе содржи и меѓуетничка компонента. Или можеби уште поточно, не среќата, туку токму меѓуетничкиот соживот и политиката на меѓусебно почитување и толеранција, политиката на мирно решавање на сите меѓуетнички проблеми и недоразбирања по мирен пат, па ако сакате и политиката на едно општество за сите придонесоа овој проблем да не прерасне во нешто што никој не го посакува. Тој пат, впрочем, е избор и на најголемиот број на сите граѓанки и граѓани, сестрано е подржан од нашите западни сојузници кои се гаранти за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Ова особено мислам дека треба да му е многу појасно на Стојко Пауновски, отколку на било кој друг во останатиот дел од државата.

И сега, додека сме на полувреме, така ми се виде денес денот со оглед на смирување на тензиите, пред почетокот на второто полувреме, имам неколку пораки до актерите.

Да ја смират топката и второто полувреме да го одиграат во спортска и фер атмосфера. Помладиот по функција и по хиерархија да најде начин спортски да му се извини на, условно кажано, противникот за неспортските стартови од почетокот на мечот, а противникот-старешината  да постапи спортски и човечки, да го прифати извинувањето и да продолжат во една одговорна, професионална, аргументирана борба на мислења, да го завршат мечот по кој, без разлика на резултатот, никој нема да се чувствува, ниту како победник, ниту како поразен, а ќе победи интересот на сите граѓани на оваа држава. Тоа ќе биде силна порака дека на цивилизиран начин, со демократски средства и во рамките на институциите, можат успешно да се решаваат и наизглед многу комплицирани прашања.

 


НАПРАВИ РАЗЛИКА: ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Creative Commons 4.0

Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ