Собрание
Собранието на Република Македонија денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Со 58 гласа „за“ и 29 гласа „против“, Собранието денеска одлучи да не му го одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Ваквата одлука се гласа со двотретинско мнозинство.
„За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.
Собраниската Комисија со мнозинство гласови во средата го препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот на ред на денешната 65. седница да биде нивниот Предлог законот за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април.
Специјално Јавно Обвинителство
СЈО со нова истрага „Империја“. Специјалното јавно обвинителство, во соработка со МВР, денеска изврши 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.
По спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети што се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои била воспоставена надлежност на Специјалното Јавно Обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Дебата
Денеска се одржа панел дискусија “Како до намалување на дискриминацијата, стереотипност на Ромите во медиумите, социјалните мрежи и механизам за поголема видливост на ромскиот проблем во македонските медиуми, во организација на Едукативниот медиумски развоен центар „24Вакти“ со поддршка на Европската Унија.
Дехран Муратов од ЦИВИЛ – Центар за слобода, преку конкретни примери покажа дека секогаш Ромите се ставаат во негативен контекст незвисно дали се работи за криминал, убиство, кражби, бездомништво, просење, а ретко или никогаш во некој позитивен контекст. Муратов зборуваше за класичниот пример на дискриминација, преку статусот на Ирена Ристиќ, за која тој напиша две колумни директно обраќајќи и се нејзе. Тој е дециден дека ако еден Ром е крив за нешто, не значи дека целата ромска заедница треба да ги носи последиците.
Д. Тахири