ДУИ денеска најави нова активност за грижа на старите, загрозените и изолираните лица по нивните домови, како помош во справувањето со КОВИД – 19. Тоа што за јавноста изгледа позастрашувачка е најавата дека 10.000 активисти ќе се распределат низ целата земја и ќе им помагаат на оние кои ќе бараат помош на телефонската линија која ја отвори партијата.
Покрај тоа што на овој начин ДУИ создава паралелен систем за превентива, јавноста реагира и на фактот дека тие 10.000 активисти не се стручњаци како оние од Кризниот штаб на Владата или Црвениот Крст, туку партиски активисти кои повеќе ризикуваат да го шират вирусот доколку ја реализираат домашната посета, во случај да се бара навистина помош од истите.
„Додека сме во исчекување на започнувањето на кампањата за парламентарните избори, ДУИ одлучи над 10 илјади свои активисти да ги стави на располагање на граѓаните со потреба. Волонтерите од #Kujdesemi ќе се распределат во секој дел на РСМ за да им помагаат на постарите, или оние кои одлучиле да седат дома”, најави Бујар Османи од ДУИ.
Скандалот е уште поголем што ваква опасна активност се најавува токму од поранешен министер за здравство.
Арбен Зеќири