Во Северна Македонија еден од политичките „специјалитети“, освен предвремени парламентарни избори, е секако и културата на лидерски средби.
Лидерските средби, со години веќе и се навикнавме да бидат онаа „институција“ која ги решава суштинските проблеми во нашата земја. Имавме лидерски средби во 2001 година, потоа кога се решаваше прашањето за територијална поделба, кога се решаваа сериозни, кризни, политички состојби, како што беше „црниот понеделник “ на 24 декември 2012… Лидерските средби станаа релативно редовни по падот на режимот, особено кога се работи за прашања поврзани со изборите, прашања поврзани со правосудните реформи, кога Зоран Заев во октомври 2019 повика на брзи предвремени парламентарни избори….
Во оваа издание на СКЕН – политички видео магазин, што го подготвија Џабир Дерала и тимот на ЦИВИЛ МЕДИА, се говори културата на одржување лидерски средби воопшто, како и за лидерските средби одржани во вонредна состојба поради пандемијата од Ковид-19, на кои се трагаше по датум за предвремени парламентарни избори. Изборите првично закажни за 12 април беа одложени поради корона вирусот.
обработка на текст: Б. Јордановска
монтажа: Ариан Мехмети