Скендер Реџепи Зејд, во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, изјави дека ако треба оставка од пратеник ќе даде, но дека нема да биде дел од коалиција што ја вклучува Левица.
Решепи изјави дека дознал дека Левица и Апасиев се дел од иницијативата за недоверба на владата, се јавил кај еден од пратениците присутни на состанокот, кој му потврдил дека наместо првично најавените потписи од ЛДП-ДОМ, се приклучила Левица.
„Во тој момент јас го известив дека мојот став ќе се промени“, истакна Реџепи, кој во емисијата рече дека ако ставот на неговата партија кој треба да се донесе во среда се разликува од неговиот, тој е подготвен и да поднесе оставка од пратеничката функција. Според Реџепи, граѓаните не му дале поддршка за коалиција со Левица, која води анти-албанска политика.