• Latest

Скопје го надминaл годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари

February 21, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопје го надминaл годишниот ЕУ лимит за аерозагадување уште во февруари

February 21, 2018 08:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари. Овие ЕУ лимити денеска се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен во Миладиновци, општина Илинден, соопшти Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

Во ЕУ дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во 24 часа просечно се 50 микрограми на метар кубен. Во ЕУ дозволениот број на надминувања на лимитите за ПМ10 честички е 35 дена во една календарска година. Најмногу надминувања на 24-часовните гранични вредности за ПМ10 честичките, броено во календарски денови, заклучно до денеска се регистрирани кај Ректорат (УКИМ)-54, Лисиче со 47, Гази Баба 45, Карпош 42 и Центар 40 микрограми на метар кубен.

– Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот, стои во соопштението од „Скопје Смог Аларм“.

Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ потсетува дека Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг и привремено затвори голем број фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколку пати воведе „Ден без автомобили“ во центарот на градот.

Светска Банка (2015) проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1.350 граѓани, додека Европската агенција за животна средина (2017) проценува дека годишно има до 3.000 смртни случаи заради аерозагадувањето. Тоа значи дека секоја година ни се случува еколошки геноцид, т.е. екоцид.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: аерозагадувањеЕвропаСКОПЈЕ
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ