• Latest

Скопјани чекаат нови автобуси – Ѓорѓиевски ветува: „Догодина ќе стигнат, сигурно!

December 11, 2025

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопјани чекаат нови автобуси – Ѓорѓиевски ветува: „Догодина ќе стигнат, сигурно!

December 11, 2025 10:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Град Скопје денеска ја одржа 3. седница посветена на советнички прашања до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорите на скопските јавни претпријатија, на која советниците поставија низа прашања поврзани со сообраќајот, јавниот превоз, финансирањето и работењето на јавните претпријатија, како и со исполнувањето на обврските кон нив.

Советниците побараа информации за заостанати плаќања во „Комунална хигиена“, долгот на Општина Кисела Вода кон ЈП „Лајка“, проблеми со чистотата и сообраќајните решенија во повеќе делови од градот. Прашања беа упатени и за модернизацијата на јавниот превоз и намалувањето на старите автобуси.

На седницата, меѓудругото, беа побарани одговори од Ѓорѓиевски за состојбата со сообраќајните раскрсници на улиците Павел Шатев и Фредерик Шопен кај Симпо, Црниче, како и на улицата Востаничка.

Прашања беа поставени и за модернизацијата на јавниот превоз, намалувањето на старите автобуси кои загадуваат, бројот на инспектори за контроли на нелегални горења, транспарентноста при именувањето директори во јавните претпријатија, како и за финансирањето на проектите во Сарај и Чаир, вклучително и улицата „Цветан Димов“ и обиколницата во Сарај.

Во врска со модернизацијата на јавниот превоз, Ѓорѓиевски најави дека очекува за скоро време да биде распишана тендерската постапка за набавка на 80 електрични автобуси.

– Јас претпоставувам дека се однесува на модернизацијата на превозот, бидејќи прашавте. Од тоа што сме постојано информирани, но и целата јавност, знаете дека беше распишана тендерска постапка која пропадна, и верувам дека многу брзо ќе биде повторно распишана од страна на Владата, и дека наредната година ќе добиеме 80 нови електрични автобуси, кои секако ќе влијаат на подобрување на амбиенталниот воздух во главниот град. Земајќи предвид што премиерот досега реализирал, особено ако го знаете тоа добро, верувам дека наредната година граѓаните на Град Скопје конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека е потребно системско решение за јавните претпријатија.

– Не треба да чекаме милостина, како што било случај во минатото, туку да создадеме систем во кој самите ќе можеме да напредуваме со состојбите во јавните претпријатија. Ќе дадам сè од себе за тоа да го направиме, рече Ѓорѓиевски.

Во однос на инспекциите, градоначалникот најави иницијатива за зголемување на бројот на инспектори за животна средина.

– Бројката што ја имаме е мала, но тоа не значи дека не постапуваме. Контролите се вршат редовно, во индустриски капацитети и домаќинства. Ќе продолжиме во таа насока, но ни требаат дополнителни инспектори, вели Ѓорѓиевски.

Фото: Принтскрин

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ