После две години пауза, скопјани конечно ќе ги добијат субвенциите за инвертер клима уреди. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски доцна вечерва ги потпиша решенијата за исплата според јавниот повик.
„Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во ефикасни инвертер клими – пониски сметки, почист воздух и подобар живот“, порача Ѓорѓиевски.
Градот ќе надомести до 20.000 денари по домаќинство, а дoданочувањето го покрива целосно.
Ѓорѓиевски најави продолжување со нови јавни повици за субвенции со цел да им се олесни животот на скопјани и да се подобри квалитетот на воздухот и енергетската ефикасност во градот.
















































