• Latest

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

Форумот „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи на 15 јуни во Собранието на Северна Македонија

June 13, 2026 09:12
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скопскиот безбедносен форум 2026, под наслов „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“, ќе се одржи на 15 јуни 2026 година, во Собранието на Република Северна Македонија, во салата под големата купола. Настанот започнува во 09:30 часот, а работниот јазик е англиски.

Форумот ќе обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, безбедносни експерти, медиуми и граѓанското општество, со цел да се отвори стратешки дијалог за улогата на Западен Балкан во европската безбедносна архитектура.

Годинешната тема го поставува регионот во контекст на современите геополитички предизвици, хибридните закани, дезинформациите, големодржавната конкуренција, енергетската безбедност и потребата од засилена регионална соработка и отпорност.

На отворањето се најавени обраќања на претставници на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, академската заедница и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија. Главниот говор ќе го одржи проф. д-р Јулијан Чифу од Центарот за превенција на конфликти и рано предупредување од Романија.

Првиот панел, „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“, ќе го модерира Џабир Дерала од CIVIL Media. На панелот ќе учествуваат експерти и дипломати од Полска, Северна Македонија, Србија, Романија и Австрија.

Вториот панел ќе биде посветен на „Судирот на големите сили на европската периферија“, додека третиот ќе се фокусира на „Отпорност, поликризи и хибридни закани“.

Организатори на форумот се Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Тетово. Скопскиот безбедносен форум 2026 се одржува во време кога безбедносната дебата во Европа е силно обликувана од руската агресија врз Украина, растечките хибридни закани и потребата Западен Балкан да се третира не само како регион во процес на интеграција, туку и како важен дел од европската стабилност, демократска отпорност и безбедност.

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ