• Latest

Скопје и Софија во финална фаза за заедничкиот Акциски план, САД со апел билатералните проблеми да ги решат надвор од процесот на интегрирање во ЕУ

February 20, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопје и Софија во финална фаза за заедничкиот Акциски план, САД со апел билатералните проблеми да ги решат надвор од процесот на интегрирање во ЕУ

February 20, 2021 11:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Владата објави дека усогласувањето на заедничкиот акциски план со Бугарија е во завршна фаза, за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија вчера се огласи американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз, која повтори дека САД се залагаат билатералните прашања да се решаваат меѓу државите и да останат настрана од процесот на интеграција во Европската Унија.

За тоа дека изработката на заедничкиот Акциски план е при крај информираа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и владиниот портпарол Душко Арсовски. При тоа ставот на Владата е дека од македонска страна нема промени во позициите во преговорите со Бугарија – македонскиот идентитет, народ и јазик не се и нема да бидат предмет на преговори.

„При крај сме на финализација на Акцискиот план којшто ќе претставува значаен документ за да ја следиме линиската соработка во сите области и очекувам преку посветена работа и трпеливо да ја вратиме довербата и во политичкиот дијалог“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со европратеникот и известувачот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

А американската амбасадорка вчера во гостувањето во „Само интервју“ нагласи дека во однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, САД се разочарани што Бугарија одлучила да го блокира почетокот на преговорите, но напомена дека како позитивен знак го гледаат тоа што Северна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања да се стават надвор од процесот со цел напредок во тој поглед.

Брнз истакна дека решението на билатералните прашања ќе се постигне со билатерален дијалог.

„Мора на тој начин. И понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги почне преговорите за ЕУ, ќе продолжиме да ја застапуваме билатералните прашања да бидат надвор од преговорите“, рече амбасадорката.

Таа оцени дека бугарското вето нанесува штета на повеќе нивоа, меѓу другото, предизвика и сомнеж кај народот во кредибилитетот на ЕУ и нејзината посветеност кон проширување.

„Мислам дека тоа ја отвори вратата за дезинформации. Затоа е важно тоа да не се дозволи. Поважно е да се има на ум дека што и да се случи, најважните односи за земјава се со ЕУ и НАТО и ништо нема да ги замени“, посочи Брнз.

Големи можности во унапредување на македонско-бугарските односи гледа европратеникот и известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој вчера во интервју за Трилинг на ТВ 24 вести рече дека поради тоа е потребно враќање на довербата меѓу двете земи и наоѓање заеднички јазик за сите отворени прашања.

Блокадата, потенцира вчера тој, на никаков начин не и помага ниту на ЕУ, ниту на двете земји.

„Ние како политичари сме должни да ги поставиме и бугарско-македонските односи и регионалните прашања, а и европските на една многу подобра перспектива“, изјави Ќучук, кој додаде дека е потребно да се врати довербата во Договорот за добрососедство.

„Компромисно решение е она што ќе биде добро прифатено. Ако има волја, такво може да се најде. Тоа го заслужуваат народите на двете земји“, рече Ќучук.

Ќучук престојуваше во дводневна посета на Северна Македонија во рамките на која имаше средби со министерот за надворешни работи Бујар Османи, со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници. Посетата се реализираше во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент.

Во однос на Нацрт-резолуцијата за земјава, Ќучук претходно на заедничката прес-конфренција со Османи потенцира дека дека неговата улога како известувач е објективна и ја отсликува реалната слика за земјава, истакнувајќи дека Северна Македонија има силен ангажман во реформите.

Португалското претседателство со ЕУ треба да го одржи вториот министерски состанок за општи работи идната недела, но проширувањето и преговорите со Северна Македонија и натаму не се на дневен ред, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На 23 февруари ќе се одржи вториот состанок на министрите за европски прашања откако земјите членки во ЕУ прв пат не усвоија никакви заклучоци за Западниот Балкан, а Северна Македонија беше блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговорите поради билатералниот спор.

„Ни на овој состанок нема да биде прашањето на дневен ред, немаме коментар за ова во моментов, работиме на овие прашања, но, нема да бидат дел од дискусиите“, изјави висок дипломатски извор од Брисел за МИА.

Во декември минатата година по макотрпни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ, Чешка и Словачка одлучија да ги блокираат заклучоците за проширувањето поради инсистирањето на Софија да се вметне реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“. Претходно Софија ја блокираше и преговарачката рамка за Северна Македонија. Ова беше првпат во историјата да нема никакви заклучоци за Западен Балкан на декемвриски самит на ЕУ./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ