Според податоците на платформата IQAir Скопје утрово е четврти најзагаен град во светот споредконцентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот. Пред Скопје се уште само Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Ханој (Виетнам).
На платформа, воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“, со концентрација на ПМ2,5 честичките од 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, што е е 14,8 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), додека концентрацијата на ПМ10 честичките е 85,5.Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје .
Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на еден кубен метар воздух, а загаден воздухот е измерен и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.
Во Европа според загаденоста Скопје е на прво место, а зад него следи уште еден главен град од регионот, Сараево (БиХ).
М. Д.