Поради овој дефект првиот училишен ден од второто полугодие поминува со скратени часови. А, во музичкото училиште Илија Николовски-Луј попладнево нема да има настава.
Од ЕСМ Снабдување со топлина соопштуваат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.