Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans во рамки на деновите против насилство врз сексуалните работници од 15 до 17 декември организираа повеќе настани.
Во петокот, Деновите против насилството врз сексуални работници започнаа со предавање на Лора Агуустин на тема „Сексот на маргините“, во сабата продолжија со перформанс „Skopje Red Light District“, а завршија денеска со Маршот на Црвениот Чадор.
Сексуалните работнички, симболично, со црвени чадори маршираа со порака да сопрат предрасудите кон нив, да бидат заштитени од институциите и од полицијата.
Претставниците на организацијата посочија дека во Македонија има од 3.000 до 5.000 сексуални работници, кои секојдневно се изложени на насилство не само од клинетите, туку и од полицијата од која бараат заштита.
Б.Ј.