Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците демантира дека партијата ќе ја напушти владината коалиција по локалните избори, јавува МИА.
Села во изјава за Алсат-М тврди дека станува збор за шпекулации кои ги шири Демократската унија за интеграции за потребите на локалните избори.
„Станува збор за дезинформации што ги шири ДУИ во функција на локалните избори сакајќи да ги заплаши луѓето, онака како што постапувале секогаш. Тоа не е воопшто точно затоа што за тие прашања не одлучува ДУИ. Ние во Владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и ние сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде еден политички субјект кој создавал проблеми како што е ДУИ. Затоа, станува збор само за шпекулации и пропаганда на ДУИ, ништо повеќе“, изјавил Села.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.