Стотина луѓе се собраа на денешниот протест против Спогодбата за надминување на спорот со името денеска, пред македонското собрание. Позната иконографија, со познати ставови и барања за оставка на владата, поддршка на Иванов и да нема референдум за решението на спорот. Националистички извици и говор на омраза не изостанаа ни денеска, но затоа немаше молотови коктели. Од протестот во Скопје, објавуваме две фотографии од граѓански новинар што ги испрати до нашиот соработник.
Ни протестот на грчките националисти во Атина не привлече многу луѓе. Тие се противат на решение според кое во името на нашата земја ќе биде вклучен зборот Македонија. Од извештајот на МИА за атинскиот протест денеска се гледа иста ситуација, во различни бои.
СКОПЈЕ
АТИНА