Платформата #НаМегдан најави дека ќе продолжи да дејствува како граѓанска алатка за комуникација со надлежните институции и лица, каде заинтересираните ќе добијат директен одговор на клучните прашања.
„Во текот на дебатата пред, но и по претседателските избори, стана очигледно дека проблемите со кои се соочуваат граѓаните се сложени и дека најчесто надлежноста за нивното решавање е поделена помеѓу различните институции на централно и на локално ниво. Улогата на локалната самоуправа во тие процеси често е само делумно претставена во јавноста и граѓаните немаат прилика да добијат доволно аргументирани информации за прашањата кои им се од големо значење во секојдневниот живот.
Во контекст на повикување човек, кој е директно е најчесто прозиван за прашања од локално значење за граѓаните, одлучивме да го повикаме #НаМегдан Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Доколку прифати, ќе утврдиме конкретен датум и место согласно неговата агенда“, се вели во соопштението на #НаМегдан.
#НаМегдан ги повикува сите заинтересирани граѓани, кои би сакале прашањата да им бидат одговорени #НаМегдан од Градоначалникот Шилегов, да ги постават на платформите Facebook и Twitter, а своето прашање да го означат со #НаМегдан или #NëMejdan. По доволно соберени прашања тие ќе го повикаат Шилегов да одговори на истите.