Тешка шлаканица за правдата и за правната држава во Македонија! Условна казна затвор за деветемина насилници, кои се обвинети за инцидентите на 27 април („Црниот четврток“) во Собранието на Република Македонија. Кривичниот суд им одреди условна казна, откако ја признале вината и изјавиле дека се каат оти тепале пратеници и новинари?!
Резил за македонското судство! По нападот што жртвите и дел од стручната јавност го оценија како обид за убиство, насилниците и инаку обвинети само за далеку полесно дело, судиите фактички ги ослободија!
Првообвинетиот Димче Христовски – Жабата ќе „одлежи“ затворска казна од една ипол година затвор ако во следните 5 години направи кривично дело?! Останатите осумина насилници ќе бидат казнети со шест месеци затвор, само ако во следните 18 месеци направат кривично дело?!
Обвинетите признале дека тепале. И искажале каење! А адвокатите на обвинетите побарале поблаги казни „со оглед на околностите“!? И, наводно, социјалната, здравствената и финансиската состојба на обвинетите, била доволен мотив за судиите да им изречат условни казни!
Група од десетина демонстранти, членови на „Тврдокорните“ и поддржувачи на обвинетите, беа пред судот каде што со аплауз ги пречекаа, извикувајќи: „Херои, херои!“