• Latest

Слободата на изразување не е исто со новинарската слобода

January 15, 2020

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Слободата на изразување не е исто со новинарската слобода

January 15, 2020 11:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на изразување им дава право на луѓето да кажат што сакаат без било какви рестрикции. И не мора да бидат одговорни, не мора да кажат извини кога ќе згрешат. Тоа е слободно изразување. Тоа е многу важен дел од демократијата. Но, тоа не е новинарство, вели Аидан Вајт, директор на Мрежата на новинарска етика (ЕЈН), која ја сочинуваат над 70 новинари, уредници, сопственици на медиуми и групи за поддршка на медиумите од целиот свет.

Тој нагласува дека слободата на изразување е многу важен дел од демократијата.

“Слобода на изразување е да го отвориш компјутерот, да напишеш блог или што сакаш да напишеш и да кажеш што сакаш, во граници на законот и можеби пристојноста. Сите можат да кажат што сакаат и дури не мора да ја кажат вистината. И всушност не мораат ниту да ги толерираат другите луѓе. Можат дури и да бидат навредливи или да не кажат кои се или да се претовараат дека се некои други. Поединците, кои не земаат плата да го штитат јавниот интерес, да откриваат прашања и теми во интерес на граѓаните, немаат обврски како новинарите. Нивниот збор не „тежи“ како оној на новинарот, кој се обраќа до широка публика, а медиумот во кој што работи има обврска да го штити јавниот интерес“, додава Вајт.

Според него, новинарството не е слободно изразување, туку претставува слобода на медиумите да се изразуваат слободно, но во една рамка на вредности, која се нарекува етика на новинарството.

 

„Новинарот мора да се воздржува. Новинарите не можат да си дозволуваат слобода на изразување. Тие го обликуваат своето изразување во рамки на новинарската етика.

Затоа, новинарите мора да си ги коригираат нивните грешки, и да се извинат кога прават грешки. Новинарите мора да ги почитуваат фактите. На новинарите не им е дозволено да пишуваат малициозни лаги. Мораат да покажат човечност, хуманост кон публиката, не смеат да промовираат говор на омраза, мораат да бидат непристрасни и да препознаат дали има и друга страна на приказната и така натаму. Овој додаток на вредностите го прави новинарството различно, не треба да се поистоветува со слободата на изразување, кое, повторувам, е силен, многу важен дел од демократијата, но не е новинарска етика“, додава директорот на ЕЈН.

Вајт потенцира дека новинарската етика може да се состави во пет главни елементи: Точност(да се известува без извртување на фактите), Независност (новинарот не ја работи својата работа во име на некој друг и не смеете да бидете ничиј портпарол, на бизнис групи, корпорации, влади или било какви здруженија, особено интересни групи), Непристрасност (новинарот мора да види дали има и втора страна на приказната, бидејќи скоро секогаш има, некогаш дури и повеќе од две страни и е одговорен да види што велат и што размислуваат другите страни на приказната), Човечност(новинарот мора да бидете хуман, мора да ги согледа последиците од она што го објавува, мора да знае дека зборот што го употребува и фотографијата што ја покажува може да направи штета, бидејќи негова работа е да ги заштити луѓето, без да употребува говор на омраза, да покажува непристојни фотографии и непотребно да прикажува сцени на насилство) и Одговорност (новинарите мора да ги признаат грешките кога ќе бидат направени, да се извинат и да најдат лек за штетата што евентуално е направена).

„Во книгата на Бил Ковач и Том Розенстил, „Елементи на новинарството“, авторите велат дека издавачите и сопствениците на медиумите мора да се залагаат и постојано да објавуваат содржини од јавен интерес без страв и без пристрасност. Уредниците мора да се борат против извртувањето на слободата на говор, против манипулацијата со зборовите, против говорот на омраза, давајќи отпор кон притисоците кои доаѓаат и од владите, од корпорациите, судиите, адвокатите или кон кој било друг содавач на вести, кој манипулира нарекувајќи ја лагата со име вистина и војната со име мир. Најдиректен контакт со случувањата на терен и создавачите на вести и содржини се новинарите. Првиот контакт со граѓаните, темите, проблемите и претставувањето на деликатни прашања пред јавноста е во нивни раце“, потенцира Вајт.

 

Тој нагласува дека новинарите првенствено треба да се лојални кон граѓаните, бидејќи обврската кон нив е поголема од професионалниот егоизам.

„Тоа е доверба која се подразбира. Се подразбира дека критиките за филмот се коректни, дека на оценката на рестораните не влијаат рекламите и дека покривањето на некој настан не е поради пријателство или лични интереси“, додава директорот на ЕЈН.

Токму поради овие причини, смета Вајт, тие што ги прават вестите не смеат да бидат попречувани во ископувањето на вистината и кажувањето на вистината, дури и по цена на финансиските интереси на сопствениците.

„Меѓутоа, како секоја слобода или право, и слободата на медиумите завршува таму каде што почнуваат правата на другите. Новинарите не смеат во ниту една ситуација бесправно да етикетираат, напаѓаат, омаловажуваат, навредуваат или клеветат кој било поединец. Новинарите не смеат да ги лишат читателите од своето право на точно и вистинито информирање. Слободата на медиумите значи слободно известување за вистината, во рамките на новинарската етика. Слободата на медиумите никако не може да биде штит за манипулацијата, лажното информирање, клеветата, навредата“, потенцира Вајт.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ