• Latest
Photo by Filip Mishevski on Unsplash

Слободна зона со Дерала, Маневски, Орданоски и Мишев

January 17, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Слободна зона со Дерала, Маневски, Орданоски и Мишев

January 17, 2022 21:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Filip Mishevski on Unsplash

Photo by Filip Mishevski on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во Слободна зона денеска пишуваа: Џабир Дерала за составот на новата влада, Сашо Орданоски за  “неуловените политички сомови“, Војо Маневски за Бугарија, и Драган Мишев за „ненадлежностите“ на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Назад, пардон, напред во Северна Македонија! Освен во парламентот, каде што има нешто подобра, но далеку од правична родова застапеност (73 мажи и 47 жени), на сите други позиции има тотална машка доминација. Од 81 градоначалници во земјава, по локалните избори во октомври, 2021, само две се жени. За родовата застапеност во претходниот мандат на локалните власти велевме дека е катастрофална, ама имаше „дури“ пет. Значи, можело и полошо.

Како и да е, пред владата на Ковачевски стојат огромен број предизвици и на надворешен и на внатрешен план. Голем дел од патот му го истапка Зоран Заев. Тој рече дека ќе се фати за работа веднаш (а кога инаку?), на првиот ден (17 јануари). Обично, првите 100 дена му се даваат на премиерот и на неговиот кабинет да покаже што и колку може. Но Ковачевски, како ни Заев пред него, нема да ги добие тие 100 дена.

Во македонскиот случај, со ВМРО-ДПМНЕ веќе пет години во опозиција, а опиени од успехот на локалните избори, Ковачевски нема лесна задача. Тој и пред да стане премиер беше мета на жестока црна пропаганда од моментот кога неговото име проструи во јавноста. Опозицијата го одрекува неговиот легитимитет. И тоа доаѓа токму од оние што се носители на легитимитетот – пратеничките и пратениците во парламентот. И – тоа не е ништо.“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Ковачевски во новото поглавје од серијалот „Умри машки“

„Всушност, таа порака токму соодветствува на неочекуваната стаписаност на опозицијата од реалната опасност Данела Арсовска да му ја „украде“ сценската слава на Ковачевски со покажаните зачудувачки знаци не само на менаџерско неснаоѓање, туку и на блага политичка незаинтересираност за вршење на првата градска функција, дефокусирајќи ги опозициските пропагандни напори за брзи вонредни парламентарни избори заради претпоставената неуспешност на власта на „пиунот на Заев“…

Како што почна со својот мандат, „кралицата на Мицкоски“ до сега не покажува дека разбира оти, ако ништо друго, во политиката треба барем да оставаш впечаток дека си загрижен за решавање на проблемите, бидејќи во спротивно проблемите почнуваат да те решаваат тебе. Ако се прогласиш за ненадлежна за ништо важно – загадување, транспорт, греење, емпатија… – тогаш и потценетиот „пиун“ брзо ќе стане „кралица“, таа, пак, ќе ги урниса амбициите на својот „крал“, а сомот ќе продолжи слободно да плива откачен од јадицата на моќта.

Ехееее, има за тоа метафори и алегории колку сакате! Шаховските партии во нашава политика полесно се губат одошто се добиваат“, читајте во колумната на Сашо Орданоски „Рибарски приказни за неуловените дебели политички сомови“.

„Со Бугарите ти е како на почетокот на секој брак. Маглата на емоциите ни ја замаглува сликата на состојбите и она што може да се очекува. Мажот ја гледа жената и очекува таа да му остане иста и да не се менува. Но таа по неколку месеци почнува да се менува и се менува долго по медениот месец. Жената уште од почетокот длабоко се надева дека ќе го смени мажот и ќе го прилагоди на своите сонови од моминските денови. Тој само на почетокот покажува намера да се менува, но за неколку години тој се враќа кон неговиот свет и не се менува многу. Во тој судир останува да се толерираат сопружниците и да балансираат меѓу својот свет и реалноста на бракот“, пишува Војо Маневски во колумната „Дочекување“

„И, ги остави скопјани да се смрзнуваат. И ако градоначалничката и градските власти се прогласија за ненадлежни и без ингеренции за решавање на проблемите со парното греење во Скопје, сепак, ако ги прочитаат надлежностите на град Скопје, во член 10 стои дека во надлежностите на градот спаѓа снабдувањето со природен гас и топлинска енергија. И овој проблем, градоначалничката ноншалантно си го изигнорира, и остави затоплувањето на граѓаните да го решава Владата. Навистина, освен што се занимава со именување на партиски членови во управни одбори, вработување на партиски војници, игнорирање и опструкција на започнатите проекти од минатото градско раководство од круцијално значење за подобрување на квалитетот на животот на Скопјани, што всушност работи градоначалничката? Ах, да, ги заборавив двата капитални проекти, нивелирањето на неколку шахти по скопските улици и поставување на мобилни тоалети на Кеј“, пишува Драган Мишев во колумната „Parlez-vous français за Скопје, Данела“

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ