• Latest
Од дебатата на ТВ Телма, 10 јануари 2022, извор: ФБ стриминг на Телма, стоп-кадар

Бектеши: Град Скопје не предвиде буџет за справување со енергетската криза, Арсовска: Општините се презадолжени

January 10, 2022
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Град Скопје не предвиде буџет за справување со енергетската криза, Арсовска: Општините се презадолжени

January 10, 2022 21:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Од дебатата на ТВ Телма, 10 јануари 2022, извор: ФБ стриминг на Телма, стоп-кадар

Од дебатата на ТВ Телма, 10 јануари 2022, извор: ФБ стриминг на Телма, стоп-кадар

Share on FacebookShare on Twitter

Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга, ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма, во која дебатираше со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и професорот Горан Рафајловски.

Бектеши посочи дека доколку БЕГ го прекине снабдувањето со топлинска енергија без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата, и дека согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена.

Тој посочи дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во Скопје-Север, треба да биде решен преку Општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари. Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното, и дека Владата ги повикала Градот Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните, а дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции.

Бектеши праша зошто градоначалничката на Град Скопје Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година.

„Владата и Министерството за економија го повикаа Град Скопје во нивниот буџет за 2022 година да одделат средства за ублажување на притисокот од енергетската криза врз граѓаните. Тоа е покажување грижа за граѓаните и тоа требало да го има предвид Град Скопје“, рече Бектеши во дебатата, и додаде дека Град Скопје може да побара пренамена на наменските средства кои владата ѝ ги има исплатено на локалната самоуправа со цел справување со енергетската криза.

Според градоначалничката Арсовска, Градот како и останатите општини немаат никакви ингеренции, а се обременети со оваа ситуација. Таа рече дека Град Скопје ќе предложи мерки за справување со ситуацијата.

„Давање предлог мерки е она што можеме да го направиме со оглед на практиките кои што ги има не само во регионот, туку и низ цела Европа, едноставно можеме да понудиме мерки со кои што ќе се ублажи ценовниот шок за граѓаните, затоа што за жал, како што знаете, општините во Скопје се наоѓаат во една незавидна положба, презадолжени се, а тоа се долгови што се влечат од пред извесен период“, истакна Арсовска.

Таа вели дека ваквата моментална состојба не овозможува да се интервернира или да се преземе драстичен чекор.

„Ние практично имаме свои трошоци кои што како град мораме да ги покриеме, а сите тие се во интерес на граѓаните, меѓутоа се премногу сложени за да можеме да интервенираме за вакви мерки, а притоа степенот на децентрализација на општините и средствата кои што тие ги добиваат за да можат да работат се навистина ограничени“, потенцираше Арсовска во дебатата.

Ц.Д

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ