• Latest
Photo by
Kevin Andre on Unsplash

Орданоски за македонско-бугарскиот „таен план“, Трајаноски за договорот со Бугарија, Писарев за руско-украинската криза, Дерала за слободата на Украина

January 31, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Орданоски за македонско-бугарскиот „таен план“, Трајаноски за договорот со Бугарија, Писарев за руско-украинската криза, Дерала за слободата на Украина

January 31, 2022 21:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by
Kevin Andre on Unsplash

Photo by Kevin Andre on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во Слободна зона денеска Сашо Орданоски пишува за „тајната агенда“ на сегашниот македонско-бугарски проект, Жарко Трајановски пишува за пропагандните толкувања на изразот „заедничка историја“, односно за Договорот со Бугарија и Александар Николиќ Писарев пишува дека оружјето ќе молчи во руско-украинската криза се додека луѓето разговараат.

„Не требаше долго да се чека, едвај два-три дена, за да се види дека обидот нагло да се подобрат односите помеѓу Бугарија и Македонија со иницијативата на двајцата нови премиери нема да помине со воодушевување во разни политички, безбедносни, академски, медиумски и други – можеби со исклучок на бизнис – кругови и во Скопје и во Софија. По успешните последователни и брзи средби на владите во двата главни градови, исполнети со насмевки, ракувања и внимателни, но „техно-оптимистички“ изјави, следуваат внатрешно-политичките „отрезнувања“ на оние кои очекуваа барем некаков инцидент, некоја изречена или направена провокација, нешто со што ќе можеше веднаш да се оспорат намерите и судбината на целиот „проект“… Не се случи“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Тајната агенда“ на сегашниот македонско-бугарски проект.

„Како се случи овој договор за иднината да биде злоупотребен со пропагандни толкувања на изразот „заедничка историја“, кога во договорот убаво си пишува дека станува збор за „заедничка историја“ која „ги поврзува двете држави и нивните народи“, а не за „заедничка историја“ која ги раздвојува и дели двете држави и нивните народи?“, пишува Жарко Трајаноски во анализата „Договорот со Бугарија е договор за иднината, а не за минатото и историјата!“

„Русија им постави на САД и на  Алијансата ултимативно барање да се обврзат дека Украина нема никогаш да влезе во НАТО и за тоа побара писмени гаранции. САД му испратија на Путин одговор дека таквото барање не можат да му исполнат но остануваат отворени за разговор околу разоружување демилитаризација на одредени простори, зголемување на транспарентност, подобри комуникации. Путин уште ги проучува овие одговори и наредната недела веројатно ќе заземе став. Во меѓувреме за да ја „зајакне преговарачката позиција“  испраќа дополнителни воени потенцијали, уфрлува паравоени формации на делови од украинската територија кои се окупирани во 2014 година на Крим, предизвикува инциденти во касарните, води хибридна војна против Украина и Запад. Западот се обидува на дипломатски начин да го реши проблемот, но и му се заканува на Путин дека Русија ќе сноси сериозни санкции доколку се обиде да го загрози територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Путин одговара: „Не, ние својата војска можеме да ја распоредуваме и раздвижуваме како сакаме внатре во своите граници, а Западот е тој кој го прекршува непишаниот договор дека НАТО нема да го проширува своето влијание на Исток“, пишува Александар Николиќ Писарев во анализата „Додека луѓето разговараат – оружјето ќе молчи“.

„Украина како општество, без оглед на бројните предизвици на внатрешен план, покажала и докажала дека е мирољубива земја која негува добри и пријателски односи со сите земји во своето опкружување и во светот.

Затоа, дури и оние што се сомневаат во идеите за мир и слобода за сите нации во светот, па го гледаат само сопствениот и интересот на својата заедница, ќе согледаат дека развојот, стабилноста, мирот и слободата на Украина е и нивен интерес. Само во мирни, стабилни и слободни држави има перспективи за работа, развој и подобрување на стандардот. Конфликтите и војните носат немаштија, глад, болести, страдања и смрт“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЛАЈОТ „Слободата на Украина значи слобода на Европа и на светот“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ