ЦИВИЛ -Центар за слобода ќе ја промовира публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, на 15 февруари, во Public Room (50та дивизија, 22), со почеток во 13 часот.
Овој извештај е последната активност од проектот Слободни избори 2017, поддржан од германското Министерство за надворешни работи, National Endowment for Democracy, УСАИД и Швајцарската амбасада. ЦИВИЛ исто така е дел од програмата ЦИВИКА Мобилитас, финансирана од швајцарската Агенција за соработка и развој.
На настанот кусо обраќање ќе има заменикот шеф на мисијата на германската амбасада, господин, Марко Акуатичи. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ќе ги презентира наодите и анализите на организацијата. Во фокусот на презентацијата ќе бидат препораките до Владата, политичките партии, медиумите и останатите засегнати страни во државата.
ЦИВИЛ ги кани медиумите и претставниците на граѓанското општество, владата, политичките партии, меѓународната заедница и заинтересираните граѓанки и граѓани да присуствуваат на настанот.
Вашето присуство е добредојдено.