Со засилено темпо денеска продолжуваат теренските активности на ЦИВИЛ во Гостивар и Тетово. Преку комуникација со граѓанките и граѓаните активистите на ЦИВИЛ ќе го презентираат проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, а преку њузлетерот да им ги приближат медиумските содржини на оние што немаат можност да ги следат онлајн.
Во центарот на двата града ќе бидат поставени инфо-штандови на кои активистите на ЦИВИЛ ќе ги презентираат и останатите проектни активности во кои сите заинтересирани граѓанки и граѓани ќе можат активно да се вклучат и да придонесат кон промени во својата средина.
ЦИВИЛ останува секогаш отворен кон медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествувааат во нив.
Биљана Јордановска