Тим на ЦИВИЛ вчера преку инфо штандови го презентираше проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ во источниот регион на земјата.
Во Карбинци, Чешиново – Облешево, Кочани и Виница, граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со целите на овој проект, можностите за соработка, како и просторот кој ЦИВИЛ им го нуди за да ги искажат своите ставови, мислења, проблеми…
Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.