• Latest

Словачкиот премиер ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова медиумска институција

April 25, 2024
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Словачкиот премиер ја затвора државната телевизија и ја претвора во нова медиумска институција

April 25, 2024 07:58
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се претвори во нова медиумска институција, што предизвика загриженост кај опозициските политичари и новинарите.

Законот е последниот чекор во, како што велат критичарите, обидот на владата на премиерот Роберто Фико да ја зајакне контролата врз институциите во земјата.

Фицо, кој минатата година по неколку години во опозиција по четврти пат стана премиер, тогаш ја критикуваше јавната телевизија како пристрасна.

– Ситуацијата во РТВС е неодржлива, рече Фицо на вчерашната прес-конференција.

– Таа реално не може да биде објективна бидејќи е во спор со словачката влада. Со ова се нарушува основното човеково право на словачките граѓани да имаат објективни информации на располагање, додаде тој.

Владата на Фицо веќе ја затвори канцеларијата на специјалниот обвинител за борба против корупцијата, ги смени шефовите на полицијата и тајната служба и ја пренасочи својата надворешна политика подалеку од силната поддршка за Украина.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека нацрт-законот ефективно го заменува „почитуваниот јавен радиодифузер“ и ја загрозува неговата независност. Министерката за култура Мартина Шимковичова, која претходно работеше во таа телевизија и е позната по ширење теории на заговор, е главен автор на законот.

Според новиот закон, кој се очекува парламентот да го изгласа во јуни, директорот на РТВС ќе биде разрешен неколку години пред истекот на неговиот мандат, а на негово место ќе дојде деветчлен совет кој ќе избере нов.

Министерствата за култура ќе предложат четворица членови на Советот, а останатите ќе бидат експерти назначени од парламентот. Ќе биде формиран и програмски комитет за следење на содржината, што критичарите го нарекуваат наметнување цензура.

Словачката опозиција остро го критикува законот и ја обвинува владата дека се обидува да го замени јавниот радиодифузен сервис РТВС со свој пропаганден медиум.

Неколку невладини организации веќе најавија дека ќе се обратат до Европската комисија и до Европскиот парламент во врска со предлог-законот за јавна радиодифузија. Тие сакаат да го свртат вниманието на контроверзните планови на владата, кои според нив се во спротивност со новиот европски закон за слобода на медиумите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МедиумиСловачка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ