„Говорот на омраза всушност се случува на Балканот. Земјите во регионот се по кревки кон лажни вести и говор на омраза, и тие влијаат на нашето општество и ја прават нашата демократија по кревка. Можете да видите како се оставаат настрана човековите права.“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис.
„Ќе спомнам интересен момент од прашањето за бегалците. Направени се два табора на нашата земја, на границата со Грција и со Србија, и тоа во 2015 година. Го сменивме законот што повеќе беше во корист на човековите права. Но, тогаш во 2017 година, кога владата беше во опозиција, тие започнаа да шират лажни вести за бегалците и логорите, и така почна масовна пропаганда против бегалците и мигрантите. Значи, по локалните избори во 2017 година сè тргна надолу, па дури и сега е многу тешко да се подигне емпатија кон мигрантите.
Нападите врз мене се засноваат на повеќе фактори: мојот пол, мојата етничка припадност, мојата религија. Се плашите да излезете надвор затоа што толку многу луѓе ве напаѓаат. Би сакала да кажам, не одете во јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу вознемирувачко. На крајот од моето интервју таа ме напаѓаше, иако јас бев жртвата. Таа рече, оставете ги социјалните мрежи зад себе, грижете се за вашиот дом, за вашите деца. Ништо не се случува, институциите молчат кога зборуваме за говор на омраза и дискриминација.“, посочи Смаиловиќ на конференцијата „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ во организација на ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО). 28 јули, 2021