Активистката Мерсиха Смаиловиќ на конференцијата „Перспективи 2019“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, зборуваше за протестите во соседна Србија и надежта која ја имаат тие, онака како што ја имала и таа кога се случуваа протестите во Македонија.
Таа вели дека иако во последно време се случуваат многу работи кои разочаруваат надежта не смее да згасне, ниту борбата да престане.
„Битно е да не се запира! Тука се пронаоѓам и јас! Не смееме да губиме енергија! Ни треба многу мудрост за да се соочиме со сите проблеми. Тешко е да најдеме реченица за надежите и перспективите, но не смееме да запреме“, децидна е Смаиловиќ.
На конференцијата #Перспективи2019 воведни излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Од ЦИВИЛ зборуваа Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
М. Ивановска
камера: Ариан Мехмети
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска