„Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“, човекот во Нов Зеланд. Браво, бравооо“ – напишала извесна Татјана Лазаровска, наводно, вработена во АРМ. Остар коментар и сосема на место, во одговор на оваа поддршка на терористичкиот акт во Нов Зеланд, на својот Фејсбук профил даде активистката за човекови права, Мерсиха Смаиловиќ, која напиша:
Татјана Лазаровска, според нејзиниот ФБ профил е вработена во Армијата на Р.Северна Македонија. Ние, како граѓани, сме уморни да „ловиме“ поддржувачи и поттикнувачи на тероризам, омраза, убивање по ФБ од страна на вработени по министерства и државни институции!
ВЕ МОЛАМ самите надлежни органи тоа да го направат!!!!
Ние плаќаме даноци за да ја плаќаме Татјана да користи оружје кое секој момент може да го искористи во некоја од џамиите?
ОВА е сериозно пишување!
Истражете дали работи во АРМ и веднаш да се преземат активности на ДЕРАДИКАЛИЗАЦИЈА на истоименава. Ако се докаже дека е лажен профил најдете ја и истата да ја санкционирате.