Нино Васев е нов директор на Клиниката на онкологија, Илија Панговски е назначен за в.д. директор на Клиниката за неврохирургија. Најавена е и сменана директорката на скопската Клиника за гинекологија, Марија Хаџи Лега, на нејзиното место најверојано ќе седне Викторија Јовановска.
Досегашниот директор на онкологија, Милан Ристески е разрешен со решение на министерот за здравство Арбен Таравари, Ристески беше еден од пристуните во Собранието за време на нападот на 27 април.
Александар Чапаровски, директорот на Клиниката за неврохирургија, беше приведен за земање мито од пациенти.
Сегашната директорка на Клиниката за гинекологија Хаџи Лега зад себе има бројни скандали, од алармантни бројки на починати бебиња на клиниката, до опремување на директорскиот кабинет за сума од околу 20.000 евра.
Министерот Таравари неодамна изјави дека дел од директорите ќе си одат, додека дел ќе ги задржат функциите, а одлуките ќе ги донесува според стручноста и професионалноста, а не според политичката припадност.