По јавната расправа, пратениците гласаа за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собрнаието. Со 62 гласа „за“, 43 гласа „против“, без воздражни или 105 пратеници го легитимираа претседателстовото на Џафери во законодаваниот дом.
Пратениците од Алијансата за Албанците и Алтернатива, како што најавија, го бојкотираа реизборот и не гласаа.
Претходно беа собрани 62 потписа за предлогот реизбор на Џафери, што се толкуваше како мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција. Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“, 62 глас го даде пратеникот од ДПА.
Седницата заврши со избор на претседател и членови, како и нивни заменици, на Комисијата за избори и именувања.