• Latest

Со 74 ученици помалку почна второто полугодие во Тетово

January 20, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со 74 ученици помалку почна второто полугодие во Тетово

January 20, 2025 13:34
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Наставата во сите општински училишта во Тетово е почната и се одвива без проблеми. Во општина Тетово функционираат 12 основни и пет средни општински училишта, информираше денеска раководителот на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово Назми Даути на средба со новинарите.

-Општина Тетово беше постојано во комуникација со раководителите на училиштата. Сме ги презеле сите чекори за да можеме да почнеме во второто полугодие без никакви проблеми. Досега немаме јавено за никаков проблем од ниту едно училиште, наставата ќе продолжи без никакви проблеми. Денес бевме во комуникација со директорите и не е пријавено нешто дека голем број од ученици отсуствуваат од наставата, истакна Даути.

На новинарско прашања дали продолжува трендот на отпишување на учениците, Даути потврди, но смета дека бројката е помала во споредба со претходната учебна година.

-Евидентно е тоа дека од почетокот на учебната година па досега, според податоците што сме ги зеле, од основните училишта отпусница зеле 57 ученици кои заминале во Запад и 17 ученици во средните училишта. Ова е за жал проблематика што нашите млади одат надвор, но треба постојано да се работи младината да останува тука. Има и од градот и од селата. Од ОУ „Истигбал“ се 17 ученици, од ОУ „Наим Фрашери“ се 18 ученици. Исто така имаме од планинските села. Осум имаме од ОУ „Рилиндја“, четири имаме од ОУ „Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег“.   Минатата година имавме повеќе од оваа година, но беше до 100 бројката, но оваа години е 74 и во основните и средните училишта. Владата треба да размислува нешто за да остане младината тука затоа што ако продолжи овој тренд за нас ќе биде многу тешко функционирањето и на училиштата, па дури и на општеството, истакна Даути.

На прашање зошто во Општина Тетово во споредба со другите рурални општини доцнат платите во образование, Даути рече дека тоа е технички проблем.

-Во јануари има нов буџет, па дури да се читаат финансиските планови, денес понеделник или утре, сите наставници во основните и во средните училишта ќе имаат плата. Додека се вчитува буџетот, училиштата немаат пристап да видат средства во нивните конта, така тие не ги пуштаа во трезор платите и затоа немаше досега, рече Назми Даути.

Општина Тетово денеска им додели решенија на 14 наставници во средни училишта за трансформација на работен однос од определено на неопределено време. 

Извор: МИА 

фото: ЦИВИЛ архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ