Без ниту еден против или воздржан, Собранието на Литванија му даде зелено светло на членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата.
Од 92 присутни пратеници во салата, сите гласаа за ратификација на протоколот, а седницата од блиску ја следеше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На крај по гласањето на протоколот, пратениците и од власта и од опозицијата станаа и аплаудираа во знак на поддршка на членството на нашата земја во Северно атлантската алијанса.
А. Зеќири