• Latest

СЈО бара најстрога казна за Грујевски, а одбраната ослободителна пресуда

November 6, 2017
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО бара најстрога казна за Грујевски, а одбраната ослободителна пресуда

November 6, 2017 11:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најстрога казна за првообвинетиот Горан Грујовски побара СЈО на денешниот завршен збор за предметот „Тврдина 2“ во Кривичниот суд. Одбраната на Грујевски, пак, бара ослободителна пресуда, бидејќи, според, нив, во овој случај не е извршено кривично дело.

Обвинителка Ленче Ристоска пред судот образложи дека бараат настрога казна за поранешниот началник на УБК Грујевски бидејќи го извршил кривичното дело на најдрзок начин, злоупотребувајќи ја својата моќ и позиција. Според СЈО, тој го наредил и организирал уништувањето на служебната документација поврзана со незаконското прислушување, се обидел да ги сокрие трагите кој и како прислушувал и да ја отежни истрагата, а потоа побегна од државата за да избегне соочување со кривичното дело.

За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни. Како отежнителна околност е тоа што не се покајале за стореното кривично дело, а како олеснително тоа што досега не се кривично гонети и осудувани и  дел се самохрани родители.

Одбраната, пак, во звршниот збор од судот побара да ги ослободи обвинетите бидејќи во овој предмет нема кривично, туку евентуално прекршочно дело.

Љупчо Шврговски, адвокатот на Грујевски, побара од судот при носењето на пресудата да се апстахира од влијанието на медиумите и нивното известување за овој случај.

По денешните завршни зборови, се очекува Судот да донесе конечна одлука за „Тврдина 2“.

Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок. Двајцата минатиот месец беа уапсени со лажни пасоши на аеродромот во Солун при обид да заминат за Будимпешта. Во тек е постапка за нивно екстрадирање.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Горан ГрујовскиМакедонијаНикола БошкоскиСЈОТврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ