• Latest

СЈО ќе бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

August 9, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО ќе бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

August 9, 2017 13:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство по два месеца преписки со Кривичниот суд, повторно ќе побара замрзнување на имотот – т.н. Бела палата на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на истрагата за предметот „Талир“, пренесе ТВ 24 од извори во СЈО.

СЈО на Врховните судии им образложило дека Кривичниот суд не постапил законски кога донел одлука дека Обвинителството не понудило докази оти имотот на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат на незаконски начин, ниту пак, ја утврдиле врската на партијата со компанијата „Бетон“ АД Скопје, која според СЈО е спорна.

„Специјалното јавно обвинителство очекува Врховниот суд да го прифати Барањето за заштита на законитоста и предметот да го врати на повторно одлучување, и со тоа, очекуваме  имотот на посочената партија да биде обезбеден“, велат од СЈО.

Случајот „Талир“, како што посочи и Катица Јанева, е најобемната финансиска истрага која го опфаќа врвот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и претседателот на партијата, Никола Груевски.

Според истрагата, постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, му биле добро познати законските ограничувања, тој сепак, во периодот од 2009 до крајот на 2015, овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби. И покрај истекот на рокот, во кој Јанева можеше да поднесува обвиненија, таа истакна дека нема да се откаже и докрај ќе го истражи овој случај.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Бела палата“„Талир“ВМРО-ДПМНЕзамрзнатимотНикола ГруевскиСЈО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result