Директорот на „Газета Метро“ и новинар Ваљон Сула од Косово вчеравечер бил нападнат од три лица во населбата „Брегу и Диелит“ (Сончев брег) во Приштина, пишува Газета метро.
Според весникот „Метро“, новинарот Ваљон Сула бил нападнат по завршувањето на емисијата „Пресинг“ на Телевизија 7 каде што бил поканет.
„Вечерва по емисијата што ја имаше на Пресинг во врска со судењето на поранешните лидери на ОВК во Хаг, беше нападнат новинарот и директор на Газета метро, Ваљон Сула. Тој беше нападнат од неколку лица пред локалот наречен „Имиџ“. Сила се здобил со полесни телесни повреди“.
Овој случај го осудија многу личности, политичари и Здружението на новинари на Косово (ЗНК).
„Овој напад за Здружението на новинари на Косово е целосно неприфатлив и сериозен обид да се попречи и поткопува слободата на изразување и слободата на медиумите во Косово.
ЗНК ги повика надлежните институции да преземат соодветни мерки за итно приведување на одговорните за нападот и нивно изведување пред лицето на правдата“, потенцираа оттаму.
Н. А.
ФОТО: Валон Сула, превземано од Газета Метро