• Latest

Со домовите срушена и надежта на бездомниците

June 7, 2018
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со домовите срушена и надежта на бездомниците

June 7, 2018 15:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Багери, полиција, прашина, извалкани и преплашени деца и нерзозни граѓани затекнавме на местото каде што Општина Центар, со асистенција на МВР, утринава започна со извршување на решението на инспекциските служби за отстранување на дивоградбите, но и на диво поставената населба во „Урбан парк“ во Скопје. За оваа акција, екипата на ЦИВИЛ Медиа дозна од дојавата на граѓански новинар.

„Тука живеевме околу 10 фамилии веќе две години. Сега ни го срушија живеалиштето и нема каде да одиме, државата не остави на улица. Тука живееме и преживуваме собирајќи пластични шишиња и железо“, вели една жителка на тоа импровизирано диво маало.

На прашањето дали им понудија да ги сместат во прифатниот центар „Чичино село“, тие одговорија дека имаа таква понуда но дека одбиваат да одат таму.

„Не можеме ние таму да живееме, бидејќи условите не се добри. Слушнавме од пријатели кои веќе беа таму сместени дека им се злоставуваат девојчињата и ние одбивме да одиме во тој центар“, вели еден граѓанин кој со семејството живеел во паркот.

„Во Чичино село има многу тврдоглави луѓе, а и ние сме твроглави и нема да се согласуваме“, додава друг.

Во дивоизградените куќи во „Урбан парк“ има десетина деца од кои едното има епилепсија. Неговата мајка вели дека нема услови да го чува, а нема ниту лекарства.

„Со ова дете сега сме оставени на улица и не примам никаква помош од државата за негово лечење“, додава мајката. Друга граѓанка додава – Од државата добиваме само полиција за да ги тепаат Ромите“.

Помеѓу жителите на тоа импровизирано маало има и лица кои немаат лична идентификација. Таков е случајот со еден граѓанин кој пред камерата на ЦИВИЛ Медиа се пожалил дека има 40 години и дека нема никаков документ, освен една легитимација од Црвен Крст.

„Осум години по улици спијам. Кога е зима ме примаат во пункт, а кога е лето ме фрлаат надвор. Прашувам кај да одам јас, каде… Ние не сме криви, не е крив ниту Амди Бајрам, туку крива е државата бидејќи нема ред. Вечерва каде да одам со мојата фамилија? Никого не го интересира дали си внатре или си надвор“, додава тој.

Од општината тврдат дека изминатиот месец разговарале со лицата кои беа сместени во паркот и им било посочено дека ќе мора да го напуштат тоа живеалиште. На истите им се понуди и сместување во едно од прифатилиштата на Министерството за труд и социјална политика.

Општина Центар по комплетно расчистување на просторот ќе започе со реконструкција, зазеленување и поставување на урбана опрема во паркот.

Општината ги отстрани дивонаселените граѓан(к)и и деца од „Урбан парк“, но каде ќе отидат тие жители…?

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Урбан парк“бездомницидивоизградени објектиРомиСКОПЈЕЧичино село
Share137Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ