• Latest
Фото: МИА архива

Со одлука на Владата ќе се решава работниот статус на 1.117 лица во здравството

December 28, 2023

24 ЧАСА: Независните на избори со собрани два потписи; Зеленски и Трамп на разговори во Вашингтон; газени, претепани, заплашувани на протестите во Србија; интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

August 18, 2025

„Политико“: Молдавија би можела да ја престигне Украина на патот кон ЕУ

August 18, 2025
Фотографија: Скриншот

Додик официјално веќе не е претседател на Република Српска

August 18, 2025

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Протечена снимка открива како поранешниот шеф на израелската воена разузнавачка служба вели дека смртта на 50.000 Палестинци во Газа е „неопходна“

August 18, 2025

Новиот премиер на Република Српска ќе биде неуставен ако го предложи Милорад Додик

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео споделено од Игор Сушко на Х

(ВИДЕО) Руската пропаганда, само неколку дена по самитот Трамп-Путин, споделува видео од американско оклопно возило со руски и американски знамиња во напад на украинските позиции

August 18, 2025
Трамп и украинскиот претседател Зеленски во Овалната соба, 28 февруари 2025 година. Фото: Скриншот од ЈуТјуб каналот на The White house

Разговорите во Вашингтон би можеле да се покажат како поважни за иднината на Украина од самитот Трамп-Путин

August 18, 2025

(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

August 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Со одлука на Владата ќе се решава работниот статус на 1.117 лица во здравството

December 28, 2023 13:11
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими.

– Инвестирањето во здравствени работници е една од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавањето на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување, истакна министерот Меџити.

Тој појасни оти средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување.

– Изминатиов период, иако во време на криза, инвестициите во здравството се големи. Инвестираме не само во опрема и инфраструктура, инвестираме и во кадар, зголемување на платите, додатоците на здравствените работници. Со вакви сериозни инвестиции во јавното здравје, помагаме да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот, до здравствените услуги и се стремиме на нашите пациенти да им овозможиме европско здравство, подвлече Меџити.

Најави дека и во наредниот период ќе продолжи инвестирањето во примарната здравствена заштита, во изградбата на нови и современи здравствени установи, како и инвестирањето во обуки и развој на младиот медицински кадар во земјава.

Според премиерот, задоволни здравствени работници, значи и задоволни пациенти, пренесе МИА.

– Тука пред сѐ сакам да истакнам дека се скратија и процедурите за вработување во јавните здравствени установи, за да овозможиме полесно и побрзо пополнување на местата испразнети со пензионирања, или на здравствените работници кои си заминуваат од здравствените установи. Ние сме свесни за ризикот на одлив на кадри во здравството и затоа како и денес правиме сѐ што е во наша моќ за да ги задржиме нашите кадри тука, нагласи Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ