• Latest
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025 14:16
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

Фотоколаж од снимки од Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан од министрите Генчовска и Османи  донесен на 17.07.2022 година во Софија, во времето кога беше договорен таканаречениот „француски предлог“.

Подносител на иницијативата донесена пред 3 години е поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, која бара поништување на Протоколот и тврди дека е прекршен Уставот,  има несоодветна форма и содржина и дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Истовремено наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај. Дополнително, таа тврди дека е Протоколот е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување, стои во наводите на иницијативата.

Според уредникот на редакцијата за надворешна политика на бугарската агенција БГНЕС, Димитар Русков, зад ова стои македонскиот премиер Мицкоски кој се прикрива зад „енергичната помош на поранешната пратеничка Лилјана Поповска – сојузник на неговиот политички татко Никола Груевски во минатото и ќерка на патријархот на модерниот Македонизам Блаже Ристовски“.

Уредникот на БГНЕС во едиторијалот ова го оценува како кампања за прикривање на офанзивата против Преговорачката рамка со Европската Унија и против Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од 2017 година со двата протоколи што произлегоа од него, а одлуката на судот за само неколку дена за да отвори постапка за разгледување на жалбата како доказ дека политичкиот естаблишмент стои зад поднесувачот Лилјана Поповска.

Уредникот потсетува дека во 1992 година, Бугарија стана безусловен гарант за независна Македонија,  и заклучува дека, како што го нарекува – режимот на Христијан Мицкоски –  со брзина и со политика – ја оддалечува Република Северна Македонија од Европската Унија, единствениот гарант за нејзиниот опстанок надвор од рамките на југословенскиот шаблон и цврстата контрола на Белград.

Драган Мишев

Tags: БугаријаЕУ интеграцииЛилјана ПоповскаУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ