„Обврската од програмата на Владата станува реалност со која се олеснува животот на граѓаните на Македонија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, во присуство на вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и со министерот за економија Крешник Бектеши.
„Зацртавме задача дека еден од приоритетите на Владата ќе биде намалувањето на трошоците за живот и враќањето на парите кај граѓаните. Си поставивме за цел справување со енергетската сиромаштија и враќање на евтината тарифа на струјата. Вредноста на оваа мерка изнесува 8 милиони евра. Тие пари ги враќаме назад кон граѓаните. Кон сите граѓани. Знаејќи дека евтината тарифа ја користат највеќе сиромашните граѓани, тоа значи дека најголеми заштеди ќе имаат посиромашните граѓани на нашата земја“, рече Заев.
Граѓаните ќе имаат по два часа дневно евтина тарифа на струјата, секој работен ден од 14 до 16 часот, како и секој работен ден од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите – 24 часа евтина тарифа на струјата. Мерката ќе започне да се применува во текот на октомври