• Latest

Со повлекување на амандманите можност да се одблокира петтиот пакет економски мерки, исчекор направен и околу државјанствата

April 14, 2021
Чад се издига над Московската област, Русија на 4 јули 2025 година. Фото: ASTRA/Telegram

Украинските дронови погодиле повеќе цели во Русија, вклучително и клучна фабрика за воена оптика во Ростовскиот регион

July 4, 2025

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025
Фото: МИА Архива

Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот

July 4, 2025
Снимки споделени со Би-Би-Си од операцијата за помош во Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хуманитарен работник во Газа тврди дека видел како колегите пукаат врз гладни Палестинци

July 4, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

Петти ден блокади на протестите низ Србија, полицијата на улиците

July 4, 2025
Екипи за итни случаи на местото на рускиот напад на 4 јули 2025 година. Русија го напаѓаше главниот град во текот на целата ноќ со беспилотни летала и ракети, предизвикувајќи пожари низ целиот град. Фото: Државна служба за итни случаи на Украина / Телеграм

„Ништо освен терор и убиства“ – Русија изврши масовен напад на Кијив со балистички ракети откако Трамп изјави дека нема напредок во разговорите со Путин

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NEWS9 Live

Русија стана првата држава што ја призна владата на Талибанците во Авганистан

July 4, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Експертка на ОН ги повикува светските мултинационални компании да престанат да соработуваат со Израел

July 4, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Конгресот го усвои „големиот, прекрасен закон“ на Трамп за намалување на даноците и трошоците

July 4, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Во Руски ноќен напад со беспилотно летало врз Кијив повредени 14 лица и предизвикани повеќе пожари

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со повлекување на амандманите можност да се одблокира петтиот пакет економски мерки, исчекор направен и околу државјанствата

April 14, 2021 09:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.

Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за обрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечат нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки.

– Ние остануваме на она што го изјавивме претходно во рамки на дебатата за законот за државјанство. Штом ќе се повлечат амандманите кои го блокираа законот за државјанство и ние ќе ги повлекуваме нашите амандмани за петтиот економски пакет. Во моментот кога ќе бидат повлечени амандманите за државјанство, во тој момент ќе ги повлечеме и амандманите за петтиот економски пакет, рече Азири.

ВМРО-ДПМНЕ, претходно, денеска соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство.

– Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата… ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој апелираше до парламентарното мнозинство веднаш да се одржат и да продолжат со работа матичните комисии каде се наоѓаат законите од петтиот пакет на мерки, а потоа во текот на денот или најдоцна утре да се одржат и пленарните седници на кои би се гласало по овие точки.

Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

-Државјанството на Република Северна Македонија согласно член 3 од Законот за државјанство се стекнува со:1) потекло; 2) раѓање на територијата на државата; 3) природување; и 4) меѓународни договори. Анализите покажуваат дека има две главни категории на лица кои живеат долги години во Северна Македонија но немаат статус на државјанство: 1) лица кои не го уредиле статусот
по распадот на СФРЈ и 2) лица кои не се евидентирани во матичните книги на родени, стои во правното мислење.

Воедно, се наведува дека во моментот постојат законски можности за стекнување на државјанство на двете засегнати категории.

-Едноставно треба да се даде шанса на постојното законско регулирање. и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30.06.2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (ЗНЛМКР). Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност во рамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и групи. Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодството и праксата на Европската Унија, стои во заклучокот од правното мислење на Хелсиншкиот комитет.

Во понеделникот е направен е исчекор околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села. Тој исчекор, како што оцени премиерот, би значел и можност за одблокирање на законите во Собранието, пред се од петтиот пакет мерки за помош на бизнисите и граѓаните, на кои пратениците од оваа коалиција имаат поднесено амандмани. Премиерот Заев изрази очекување дека тоа ќе се случи во наредните денови.

Заев по средбата во Собранието со Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишира законското решение за државјанствата.

Тој рече дека на средбата биле споделени бројките колку граѓани немаат државјанство и притоа истакна дека станува збор за околу 2700 барања, од отприлика 3.200 граѓани, од кои 1500 кои не живеат тука.

Лидерите на Алијанса за Албаниците и Алтернатива, посочија дека тие секогаш биле отворени да се најде решение.

– Да, ќе се понуди едно решение кое потворно ќе биде објект на следната средба за да се претвори во текст каде ќе бидат предвидени неколку докази – свидетелство, фактура од сметка за струја и др., од кои доволно ќе биде да се исполни еден и по автоматизам на овие граѓани ќе треба да им се потврди државјанството. Важен е пристапот, рече Села.

Африм Гаши од Алтернатива, во однос Законот за државјансво, рече дека се клучни две-три теми.

Говорејќи на оваа тема координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, ја повика албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде заедничко решение во однос на законот за државјанство, со цел да се одблокира работата на Собранието и да се донесат законите за петтиот економски пакет финансиска помош.

Коалицијата Алијанса за Албаните и Алтернатива во Собранието поднесе закон за државјанство, чии одредби што предвидуваа добивање државјанство со тројца сведоци, не беа прифатливи ниту за владејачката СДСМ, ниту пак за опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од опозицијата поднесоа амандмани за да го закочат донесувањето на овој закон, во формата во која беше поднесен. По ова пратениците на албанската опозиција поднеса амандмани и блокираа повеќе закони, меѓу кои и оние за финансиска помош на граѓаните и бизнисот. Најавија дека ќе ги одблокираат законите тогаш кога ќе биде постигнат договор за законот за државјанство.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ