Студентите за денеска најавија нови протести на повеќе од 30 места низ Србија со истото барање – да се распишат избори, пренесува РСЕ.
Во Белград е најавена блокадата на два витални патишта, Бранков Мост и Газела, од 18:00 до 21:16 часот.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Барнабиќ, на социјални мрежи коментираше:
„Денеска повторно малтретирање на граѓаните од блокадерите. Без никаква смисла и никаква цел. Само голо насилство и терор врз обичните луѓе“, напиша Брнабиќ.
Од друга страна, организаторите порачуваат дека ова не е само протест, туку предупредување– дека граѓаните ширум Србија бараат фер избори, отчетност и демократија. Протестот, според нив, е симбол на заедничка волја и обединет отпор против, како што велат, игнорирањето на јавниот глас.
М. Д.